Мајката на Доналд Трамп не рекла дека тој ќе биде катастрофа во политиката

Белата куќа Фото: White House, Public domain, via Wikimedia Commons

Фотографијата со наводниот цитат на Мери Ен Трамп не дава никаква индикација за тоа кога или во кој контекст се кажани зборовите. Кога пребарувате на Гугл, цитатот се појавува само во врска со вирални објави на социјални мрежи, како што е случајот и со оваа која ја анализираме. Цитатот не може да се најде во книги или интервјуа и не се појавува при пребарување на Гугл или во разни архиви на весници

Фотографијата со наводниот цитат на Мери Ен Трамп не дава никаква индикација за тоа кога или во кој контекст се кажани зборовите. Кога пребарувате на Гугл, цитатот се појавува само во врска со вирални објави на социјални мрежи, како што е случајот и со оваа која ја анализираме. Цитатот не може да се најде во книги или интервјуа и не се појавува при пребарување на Гугл или во разни архиви на весници

 

Анализираме објава на Фејсбук која споделува фотографија од американскиот претседател Доналд Трамп со неговата мајка и вели:

Кога мајка ќе каже, сигурно е така. “Да, тој е идиот со нула заедничко чувство и социјални вештини, но тој е мој син. Само се надевам дека никогаш нема да влезе во политика. Тој би бил катастрофа”.

Не постојат докази дека мајката на Доналд Трамп, Мери Ен Трамп, ги изговорила овие остри зборови за својот син.

Цитатот не може да се најде во книги или интервјуа и не се појавува при пребарување на Гугл или во разни архиви на весници.

Фотографијата со наводниот цитат на Мери Ен Трамп не дава никаква индикација за тоа кога или во кој контекст се кажани зборовите.

Кога пребарувате на Гугл, цитатот се појавува само во врска со вирални објави на социјални мрежи, како што е случајот и со оваа што ја анализираме.

Заедно со цитатот е и фотографијата од Доналд Трамп во помлади години покрај неговата мајка. Истата фотографија – но без цитатот – ја објави претседателот на својот Инстаграм профил во јануари 2018 година со зборовите:

Со мојата прекрасна мајка, Мери. Таа секогаш велеше: „Верувај во Бога и биди верен на себеси!“ (With my wonderful mother, Mary. She always said, “Trust in God and be true to yourself!”)

За ова пишува данскиот сервис за проверка на фактите Тјекдет.

И други медиуми за проверка на факти, исто така, се обиделе да го пронајдат наводниот цитат од мајката на Доналд Трамп, но безуспешно.

Мери Ан Меклауд емигрирала во САД од Шкотска во 1930 година и починала во 2000 година. „Њујоркер“ ја документирал нејзината приказна, a и „Политико“ пишувал за неа, но наводниот цитат за нејзиниот син, не се спомнува во ниту еден од написите.

Иако вклученоста на Доналд Трамп во политиката пред 2000 година била мала, тој дотогаш бил етаблиран бизнисмен и јавна личност и ја истражувал можноста да се кандидира на изборите во 2000 година.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека објавата што ја анализираме, е невистина.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција