Мајката на Тито не била Австријка туку Словенка и немала благородничко потекло
Според енциклопедија Британика, Јосип Броз е роден во многубројно селско семејство во Кумровец, северозападно од Загреб, главниот град на Хрватска, од татко Хрват и мајка Словенка, а не Австријка, како што се тврди во објавата што ја рецензираме. Исто така, не е точно дека мајка му била со благородничко потекло.
Според енциклопедија Британика, Јосип Броз е роден во многубројно селско семејство во Кумровец, северозападно од Загреб, главниот град на Хрватска, од татко Хрват и мајка Словенка, а не Австријка, како што се тврди во објавата што ја рецензираме. Исто така, не е точно дека мајка му била со благородничко потекло. Тој бил чирак кај бравар во 1907 година и ја завршил својата обука во 1910 година, кога се приклучил на Социјалдемократската партија на Хрватска – Славонија во Загреб, во тогашната Австроунгарија
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува фотографија од Јосип Броз Тито и неговата сопруга Јованка во друштво со холивудските ѕвезди Елизабет Тејлор и Ричард Бартон, и пишува:
Во раните зори на утрешен ден Австријка, благородничка ќе роди син за да биде бравар. Браварот да стане цар, како ниту еден на царствата на тогашниот свет. Кројач кој од поглед фаќаше мерка за фустани. И шии за судбини.
Секој 25 мај од 1945 до 1989 година се одбележувал како празник на младите во СФР Југославија – Денот на младоста. Овој празник бил поврзан со роденденот на доживотниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито (1892-1980), кој инаку е роден на 7 мај.
Според енциклопедија Британика, Јосип Броз е роден во многубројно селско семејство во Кумровец, северозападно од Загреб, главниот град на Хрватска, од татко Хрват и мајка Словенка, а не Австријка, како што се тврди во објавата што ја рецензираме. Исто така, не е точно дека мајка му била „благородничка“. Броз бил браварски чирак во 1907 година и ја завршил својата обука во 1910 година, кога се приклучил на Социјалдемократската партија на Хрватска-Славонија во Загреб, во тогашната Австроунгарија.
Јосип Броз е роден на 7 мај 1892 година во Кумровец, село во северниот хрватски регион Загорје. Во тоа време, Кумровец бил дел од автономното Кралство Хрватска-Славонија во рамките на Австроунгарската империја. Тој бил седмо или осмо дете на Марија (моминско Јавершек) и Фрањо Броз.
Мајката на Тито, Марија Броз била едноставна домаќинка од работничката класа – Словенка родена во малото село Подсреда во 1864 година, и го одгледала Тито како седмо од 15 деца во многубројно католичко, селско семејство.
Кога големото семејство Броз кое живеело во Кумровец се нашло во очајна ситуација, мајката Марија побарала помош од своите родители. Така, Јосип Броз голем дел од своето детство го поминал со своите баба и дедо во Подсреда, пишува на страницата каде може да се види и куќата во Подсреда.
Сместена во Козјанскиот парк, на околу 3 километри од Подсреда, родното место на мајката на Тито, Марија Броз, родена Јавершек, е добро зачувана селска куќа на семејната фарма која локалното население ја нарекува „При Лапу“. Сместена е на осамено место, а делови од музејскиот имот се хиша („дневна соба“), камра („спална соба“) и чрна кухиња („кујна со отворен камин“). Таму Јосип Броз Тито, поранешниот претседател на Југославија, поминал дел од своето детство.
Куќата открива не само автентичен мебел, туку и ниво на материјална култура од тој период. Просторниот распоред на собите укажува на типичен селски дом на словенечките фарми од 19 век. Музејскиот дел од имотот е уреден во 1979 година. Фармата сè уште ја води семејството Јавершек.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како делумна невистина. Мајката на Јосип Броз Тито не била благородничка туку домаќинка и земјоделка, не била Австријка туку Словенка. Другите саркастични тврдења во објавата се надвор од нашата проверка на фактите и затоа се одлучивме за оваа оценка.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар