Македонската платформа против сиромаштија со нов конкурс за доделување новинарски награди

Фото: МППС/ФБ

Македонска платформа против сиромаштијата (МППС) по трет пат го распиша конкурсот за доделување на „Награди за новинари кои пишуваат за невидливите“. Деталите за него се објавени на страната на МППС.

Станува збор за доделување на награди за новинарство „одоздола“, односно награди за новинари кои пишуваат на социјални теми, поврзани со сиромаштија и социјална исклученост, а на тој начин им даваат глас на луѓето кои ретко имаат можност јавно да зборуваат за своите проблеми и се речиси општествено невидливи, се вели во соопштението на Платформата. Она што овој проект го прави уникатен е составот на жирито, односно улогата на членови во жирито ја имаат исклучиво луѓе кои имаат искуство со живот во сиромаштија.

Наградите имаат за цел промовирање на новинарство кое ги опфаќа многуте аспекти на сиромаштијата и социјалната исклученост, поддржуваат известување кое ги почитува граѓаните и внимава на нивното достоинство и изразуваат поддршка на новинарите кои им даваат видливост и гласност на граѓаните кои вообичаено не ги гледаме и слушаме. Конечната цел е да се доделат награди на општествено посветени новинари, кои внимаваат да не градат стереотипи и не се водат од сензационализам.

Краен рок за доставување на сториите е 1 февруари 2020 година, а новинарската треба да е објавена во  периодот од 12 месеци пред овој датум во локалн или национален медиум од било кој вид. Еден новинар може да пријави само една сторија, а доделените награди нема да бидат во пари и ќе имаат симболичен карактер.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

This article was created within the framework of the Project to increase the accountability of the politicians and political parties Truthmeter implemented by Metamorphosis. The article is made possible by the generous support of the US non-profit foundation National Endowment for Democracy (NED). The content is the responsibility of its author and does not necessarily reflect the views of Metamorphosis, the National Endowment for Democracy or their partners.

Оставете реакција