Македонската платформа против сиромаштија со нов конкурс за доделување новинарски награди
Македонска платформа против сиромаштијата (МППС) по трет пат го распиша конкурсот за доделување на „Награди за новинари кои пишуваат за невидливите“. Деталите за него се објавени на страната на МППС.
Станува збор за доделување на награди за новинарство „одоздола“, односно награди за новинари кои пишуваат на социјални теми, поврзани со сиромаштија и социјална исклученост, а на тој начин им даваат глас на луѓето кои ретко имаат можност јавно да зборуваат за своите проблеми и се речиси општествено невидливи, се вели во соопштението на Платформата. Она што овој проект го прави уникатен е составот на жирито, односно улогата на членови во жирито ја имаат исклучиво луѓе кои имаат искуство со живот во сиромаштија.
Наградите имаат за цел промовирање на новинарство кое ги опфаќа многуте аспекти на сиромаштијата и социјалната исклученост, поддржуваат известување кое ги почитува граѓаните и внимава на нивното достоинство и изразуваат поддршка на новинарите кои им даваат видливост и гласност на граѓаните кои вообичаено не ги гледаме и слушаме. Конечната цел е да се доделат награди на општествено посветени новинари, кои внимаваат да не градат стереотипи и не се водат од сензационализам.
Краен рок за доставување на сториите е 1 февруари 2020 година, а новинарската треба да е објавена во периодот од 12 месеци пред овој датум во локалн или национален медиум од било кој вид. Еден новинар може да пријави само една сторија, а доделените награди нема да бидат во пари и ќе имаат симболичен карактер.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар