Македонскиот идентитет не е сменет, ниту пак, некој ќе го менува националниот состав во државата

Александар Николовски и Герет Томас при потпишувањето на Договорот со Обединетото Кралство, 22.05.2025 Фото: vlada.mk

Идентитетот на Македонците не е сменет, ниту пак, ќе се менува националниот состав во Македонија. Со Преспанскиот договор не се сменети македонскиот идентитет и јазик, што може да се види ако се погледне содржината на Договорот  кој беше ратификуван и во Собранието. Неточно е и тврдењето дека „Англичаните ќе ни го менувале националниот состав“. Од македонската Влада демантираа дека со Договорот со Британците сме се обврзале да прифатиме мигранти. Владата на Обединетото Кралство во соопштение на својата веб-страница има објаснето дел од Договорот, но таму никаде не се споменува прифаќање на азиланти, мигранти и бегалци…

Идентитетот на Македонците не е сменет, ниту пак, ќе се менува националниот состав во Македонија. Со Преспанскиот договор не се сменети македонскиот идентитет и јазик, што може да се види ако се погледне содржината на Договорот  кој беше ратификуван и во Собранието. Неточно е и тврдењето дека „Англичаните ќе ни го менувале националниот состав“. Од македонската Влада демантираа дека со Договорот со Британците сме се обврзале да прифатиме мигранти. Владата на Обединетото Кралство во соопштение на својата веб-страница има објаснето дел од Договорот, но таму никаде не се споменува прифаќање на азиланти, мигранти и бегалци…

 

Македонија и Велика Британија го ставија парафот на договорот со кој земјава се задолжува за 6 милијарди евра кај Обединетото Кралство. Министерот за транспорт Александар Николовски и неговиот британски колега Герет Томас

Анализираме објава на Фејсбук која вели:

АМЕРИТЕ НИ ГО СМЕНИЈА ИДЕНТИТЕТОТ…АНГЛИТЕ ЌЕ ГО МЕНУВААТ НАЦИОНАЛНИОТ СОСТАВ ВО МАКЕДОНИЈА ИЛИ ПО НИВНО СЕВЕРНА….И ЕДНИТЕ И ДРУГИТЕ СЕ СТРАТЕШКИ ПРИЈАТЕЛИ СО СЕВЕРЏАНИСТАНЦИТЕ И ЈАНИЧАРИТЕ

Не е точно дека некој ни го сменил идентитетот, како што тврди објавата, а уште помалку тоа го направиле Американците.

Манипулации и шпекулации дека македонскиот јазик и идентитет се загрозени почнаа да се споделуваат на социјалните мрежи откако беше потпишан Договорот од Преспа со кој се реши долгогодишниот проблем со Грција околу уставното име на нашата држава.

Договорот беше потпишан од министрите за надворешни работи на Грција и Македонија, Никос Коѕијас и Никола Димитров, и посредникот на ООН за спорот за името на Македонија, Метју Нимиц, на 17 јуни 2018 година во селото Нивици, Егејска Македонија, на Преспанското Езеро. Значи, тој беше постигнат со посредство на Обединетите нации, а не на Америка.

Со Преспанскиот договор не се сменети македонскиот идентитет и македонскиот јазик.

Дека е тоа така може да се види ако се погледне содржината на Договорот  кој беше ратификуван и во Собранието. Во овој документ, со кој новото име на државата е „Република Северна Македонија“ за севкупна употреба со превод на сите јазици, нема ниту една одредба со која се загрозуваат македонскиот идентитет и македонската посебност, ниту, пак, се бришат термините „Македонија“ и „македонски“.

Со членот 7 (став 3) од Договорот се гарантира македонскиот идентитет и правото да се определуваме како Македонци. Во однос на Втората страна, овие термини („Македонија“ и „македонски“ , н.з.) ја означуваат нејзината територија, јазик, народ и нивните одлики, со нивната сопствена историја, култура, и наследство, кои се особено различни од оние кои се наведени во член 7, став (2). Согласно Договорот од Преспа термините: Македонец, македонска, македонски, се трајно заштитени и никој повеќе нема да може да ги негира или оспоруваанализираше „Вистиномер“ пред 5 години.

Согласно Договорот од Преспа термините: Македонец, македонска, македонски, се трајно заштитени и никој повеќе нема да може да ги негира или оспорува. Притоа, во име на интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ, тогашниот премиер Зоран Заев, пред Уставната комисија барајќи поддршка од сите пратеници, нагласи:

Амандман 36. Со овој амандман ќе се преформулира сегашниот член 49 и во него ќе стои дека Република Македонија го штити, гарантира и негува историското и културното наследство на македонскиот народ.

Со новата формулација на член 49 се даваат гаранции за заштита на македонскиот идентитет. Идентитетот на македонскиот народ е заштитен. Нема да има никакви промени во идентитетот. Се внесува обврска во Уставот за заштита и негување на македонскиот идентитет.

Поранешниот медијатор за спорот со името Метју Нимиц во интервју за порталот „Рацин“ во јуни 2024 година, истакна дека посебноста на македонскиот јазик е светски призната и потврдена во Обединетите нации. Посочувајќи дека идентитетот не може да биде предмет на преговори, Нимиц во таа прилика рече:

Преспанскиот договор се осврнува на јазикот, не го користи зборот идентитет бидејќи тоа не е правен збор. Македонскиот јазик е прифатен одамна и ширум светот луѓето знаат дека македонски јазик постои. Спорот со Грција не беше воопшто за јазикот, туку за името на јазикот. Со други зборови, грчката страна немаше проблем што имате убав јазик, посебен јазик. Но нивниот проблем беше дека ако се вика македонски јазик дека би можело да даде впечаток дека има поврзаност со античките Македонци. Спорот со Бугарија е поинаков, во однос на потеклото на јазиците…смета Нимиц.

Што се однесува до тврдењето во објавата дека Англичаните во Македонија ќе го менувале националниот состав, Вистиномер веќе пишуваше и на оваа тема.

Ваквите шпекулации во јавноста се појавија откако премиерот Христијан Мицкоски најави дека Македонија ќе потпише договор за стратешко пријателство со Обединетото Кралство.

Од Владата на Република Северна Македонија во изјава за Вистиномер ги демантираа наводите дека Македонија со Договорот се обврзала да прифати мигранти.

Не е точно. Никој не презема обврска доколку не сака дека мора да има мигранти. Нема да има. Ги сфаќаме, што дури има вакви одлични историски значајни вести за нашата држава, мора да отворат измислен непостоечки проблем затоа што едноставно така се обврзале тие да направат со свои договори за стратешко партнерство со актуелни и сегашни лидери на партии. Тоа е реалноста. Се друго е измама и обид една значајна работа за државата и народот да се минимизира и да се фрли сенка и дамка на истата. Времето ќе ги демантира а ние со оптимизам и силна посветеност, увереност и одговорност промовираме значаен настан за нашата држава. Има голем простор за задоволство. Од ова ќе произлезат многу значајни проекти за народот и државата и ние сме среќни за тоа, изјавија од Владата за „Вистиномер“. 

Владата на Обединетото Кралство подетално на својата веб-страница има објаснето дел од Договорот со С. Македонија во соопштение објавено на 16 мај 2025 година (петок). Но, никаде не се споменува прифаќање на азиланти, мигранти и бегалци…

На истиот владин сајт на Обединетото Кралство еден ден порано, односно на 15 мај 2025 година објавено е што точно значи Joint Migration Taskforce (кон кој и С. Македонија се согласила да се приклучи). Се наведува дека Обединетото Кралство ќе ги засили напорите да ги разбие криминалните мрежи коишто ја дозволуваат илегалната миграција преку Западен Балкан и дека тоа ќе се случи на историската посета на Кир Стармер во Албанија (прва негова посета на Албанија). Стармер ја посети Албанија во историска прва официјална посета, бидејќи двете држави ја засилуваат соработката на полето на одбраната и безбедноста, организираниот имиграциски криминал и во насока на економски развој.

Во соопштението од 15 мај 2025 се наведува дека Обединетото Кралство го проширува Joint Migration Task Force во Западен Балкан за да го пресретне напливот на мигранти пред да дојдат до бреговите во Обединетото Кралство. Дискусиите за илегалната миграција дојдоа на дневен ред откако Стармер го откри таканаречениот Immigration White Paper кој претставува план за да се намали миграцијата.

Повеќе за ова прочитајте во анализата на Вистиномер.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека идентитетот на Македонците не е сменет, ниту пак, ќе се менува националниот состав во Македонија. Објавата без да изнесе конкретни докази, нафрла своеволни толкувања, манипулирајќи дека некој сака да ни наштети.

Поради тоа, објавата ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција