Малчевски: На 6 март истече претседателскиот мандат на Груевски во ВМРО-ДПМНЕ

Симеон Малчевски, поранешен член на ВМРО-ДПМНЕ при настапот на Алсат. Фото: видео клип скриншот

 

Поранешен истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Сојузот на студенти на УКИМ, Самоил Малчевски тврди дека Никола Груевски веќе не е легитимен претседател на ВМРО ДПМНЕ, бидејќи неговиот мандат истекол пред една недела.

Симеон Малчевски, поранешен член на ВМРО-ДПМНЕ при настапот на Алсат. Фото: видео клип скриншот
Симеон Малчевски, поранешен член на ВМРО-ДПМНЕ при настапот на Алсат. Фото: видео клип скриншот

Никола Груевски не е лeгитимен претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Мандатот му е истечен на 6 март – изјави Самоил Малчевски во емисијата „Патот кон“ на Алсат-М телевизија.

Малчевски се повика на членот 20 од Статутот на ВМРО-ДПМНЕ каде што се определува мандатот на претседателот.

Статутарно, Конгресот на кој му беше дадена довербата беше на 5 и 6 март 2011 година.Петти и шести март истекоа пред една недела.Значи, статутарно, член 20 од Статутот на ВМРО ДПМНЕ во ставот два стои дека мандатот на претседателот е четири години.Ако вие мандатот сте го добиле на петти март 2011 година тогаш ви истекува на петти март 2015 година. Ние веќе една недела имаме раководство на ВМРО ДПМНЕ кое што е вон статутот на самата политичка партија – рече Малчевски.

[Извор: Плусинфо, Датум: 14.03.2015]

 

Образложение:

Оваа изјава на Малчевски е вистинита затоа што во Статутот на ВМРО-ДПМНЕ во член 20 стои:

Претседателот на партијата е политичко-извршен орган кој го избира конгресот со тајно гласање.

Мандатот на претседателот на партијата трае 4 години.

Во текст на Дојче Веле објавен на 06.03.2011 со наслов: Никола Груевски реизбран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ година пишува дека Никола Груевски на конгресот на партијата добил уште еден четиригодишен мандат. Во текстот е наведено дека на вториот ден од 14-от Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ што се одржува во Битола, од 639 верификувани делегати, за Груевски гласале 610.

Од тој ден и тече мандатот на новиот претседател на партијата. Тоа значи дека на 06.03.2015 година е истечен мандатот на Груевски како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, а нов претседател се бира на Конгрес. Иако во јавноста кружат гласини дека нов Конгрес, ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи во мај во Куманово, сепак, додека тој не се одржи фактички Гриевски е претседател на партијата без мандат даден на Конгрес

 

Линкови:

Статут на ВМРО-ДПМНЕ, [Пристапено 15.03.2015], http://vmro-dpmne.org.mk/?page_id=174

Дојде веле (06.03.2011) Никола Груевски реизбран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ [Пристапено 15.03.2015] http://www.dw.de/%D0%BD%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0-%D0%B3%D1%80%D1%83%D0%B5%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D1%80%D0%B5%D0%B8%D0%B7%D0%B1%D1%80%D0%B0%D0%BD-%D0%B7%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D1%82%D1%81%D0%B5%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%BB-%D0%BD%D0%B0-%D0%B2%D0%BC%D1%80%D0%BE-%D0%B4%D0%BF%D0%BC%D0%BD%D0%B5/a-6460748

 

Оценил: Владо Ѓорчев

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција