Малку вакцинирани во Гостивар. Д-р Фазлиу: потребна е сензибилизација и дејствување на институциите

Според здравствените експерти бројот на вакцинираните лица во општина Гостивар не е задоволителен. До денес во овој град вакцинирани се 29,9 проценти од граѓаните, бројка која е далеку од колективниот имунитет. Според лекарот Адурим Фазлиу овој процент треба да послужи како аларм за локалните институции во Гостивар, но и за оние на централно ниво, за да ги засукаат ракавите и да се ангажираат за сензибилизација на населението за вакцинацијата, пишува Порталб.мк.

Според здравствените експерти бројот на вакцинираните лица во општина Гостивар не е задоволителен. До денес во овој град вакцинирани се 29,9 проценти од граѓаните, бројка која е далеку од колективниот имунитет. Според лекарот Адурим Фазлиу овој процент треба да послужи како аларм за локалните институции во Гостивар, но и за оние на централно ниво, за да ги засукаат ракавите и да се ангажираат за сензибилизација на населението за вакцинацијата, пишува Порталб.мк.

 

Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија, до денес во Гостивар е вакцинирано 29.9% од населението, и според тоа Гостивар спаѓа меѓу општините во земјава со најнизок процент на вакцинирани.

Иако, засега, состојбата со пандемијата во овој град не е лоша, од корона вирусот во Гостивар животот го загубија вкупно 390 лица, додека вкупниот број на заболени во овој град е 8082, а во моментов има само 19 позитивни лица.

Податоци од ИЈЗ-Гостивар – декември 2021

Горенаведените податоци, според лекарот Адурим Фазлиу, треба да ги алармираат сите институции во државата, без разлика дали се локални или национални, и според него кампањите за подигање на свеста би помогнале да се постигне колективен имунитет, кој во Гостивар сега засега е нешто многу далечно.

д-р Адурим Фазлиу

„Иако процесот на вакцинација трае веќе околу 10 месеци, мислам дека бројот на вакцинирани не ги исполнува нашите очекувања. Мислам дека процентот на вакцинирани треба да не засега сите нас. Бидејќи колективниот имунитет се постигнува со масовно вакцинирање на населението, мислам дека здравствените политики треба да се насочат во оваа насока“, изјави лекарот Адурим Фазлиу.

Според Фазлиу, дезинформациите дека има и други начини освен масовната вакцинација  за да се постигне колективен имунитет се неодговорно однесување кое креира конфузија кај населението. Тој додаде дека за да се постигне колективен имунитет треба да се вакцинира најмалку 67% од населението, а досега се вакцинирано само 29,9 %.

„Процентот за градот Гостивар кој е околу 30%, мислам дека треба да ја алармира секоја централна и локална институција за сензибилизација на населението за вакцинацијата“.

Колективен имунитет може да се каже дека е стекнат ако бројот на лица кои ја прележале болеста или се вакцинирани достигне 67%.

Колективен имунитет се постигнува само со масовна вакцинација, секоја друга информација претставува неодговорно однесување и креирање на конфузија кај населението“, додаде лекарот Адурим Фазлиу.

Нагласуваме дека горенаведената статистика е преземена од анализата на Институтот за јавно здравје за периодот 13-19.12.2021 година. Целосниот извештај можете да го прочитате  ТУКА.

Што е и како се постигнува колективен имунитет?

Колективниот имунитет – што се однесува на заштита на загрозените лица (подложни на ризик) од инфекција, е кога има доволен број на имуни лица во популацијата и никогаш не треба да се гледа надвор од контекстот на вакцините.

Со други зборови, колективниот имунитет може да се постигне кога имунизираните (вакцинираните), поединци помагаат во спречување на пренесувањето на вирусот кај загрозените  поединци. Според сегашните проценки, процентуалниот праг што мора да се постигне за да се постигне колективен имунитет е над 50-67% од загрозената популација. За подобро да го разбереме овој концепт, го објаснуваме и математички, со помош на епидемиолошката формула за пресметување на границата за постигнување на колективен имунитет (КИ):

Формула за колективен имунитет

Ro е бројот на нови случаи потенцијално заразени од тековен случај со Ковид-19. Во моментов, оваа бројка се движи помеѓу 2 и 3 лица. Ако го земеме примерот на Албанија, во случај кога Ro е 2, КИ може да се постигне ако се зарази најмалку 50% од вкупното население во Албанија (~ 1,4 милиони). Ако Ro е 3, КИ може да се постигне ако се зарази најмалку 67% од населението (~ 1,9 милиони). Според официјалните податоци денес е заразено помалку од 5% од населението и гледаме под каков притисок е здравствениот систем! Освен тоа, доколку дозволиме ширење на вирусот, ќе имаме загуба на животи кои инаку би можеле да се спречат, што е во спротивност со професионалната определба „Primum non nocere“, односно „Да не се нанесе штета“!

Нагласуваме дека во историјата на современто човештвото не сме имале случај кога сме елиминирале или постигнале колективен имунитет преку природна инфекција! Затоа, ако се користи како стратегија за побрзо ставање на крај од оваа пандемија, тоа би било неприфатливо, фатално, неетички и би чинело многу човечки животи, смртни случаи што може да се спречат.

Само преку брза и масовна вакцинација можеме да постигнеме колективен имунитет – се друго е заблуда или неодговорност.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција