Мандатот на Зеленски е продолжен – војната не дозволува одржување избори
Точно е дека Зеленски е поддржуван од ЕУ, но не за да си ја „уништува земјата“. Украина е жртва на неиспровоцирана воена агресија која ја почна Русија, а која донесе незамисливи последици по Украина. Украина на чело со Зеленски го брани својот територијален интегритет и границите, под напад на надворешен фактор – Русија. Кога Украина не би се бранела од нападот на Русија, тогаш би била целосно заземена и окупирана земја, што би водело кон нејзиното уништување. Мандатот на Зеленски уште трае бидејќи во услови на воена состојба во Украина не може да се одржат нови избори.
Точно е дека Зеленски е поддржуван од ЕУ, но не за да си ја „уништува земјата“. Украина е жртва на неиспровоцирана воена агресија која ја почна Русија, а која донесе незамисливи последици по Украина. Украина на чело со Зеленски го брани својот територијален интегритет. Мандатот на Зеленски уште трае, бидејќи во услови на воена состојба во Украина не може да се одржат нови избори
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
Kомедијантот Зеленски-човек со истечен (веќе 8 месеци) претседателски мандат, подржуван од јенките и ЕУ, си ја уништува Украина!!
Во мај 2024 година се навршија 5 години откако претседателот на Украина Володимир Зеленски стана претседател на Украина. Инаугурацијата беше одржана на 20 мај 2019 година. Доколку во Украина состојбата беше мирна, односно доколку немаше неиспровоцирана воена инвазија врз Украина од страна на Русија, тогаш изборите ќе се одржеа во Украина на крајот на март 2024 година. Но, во состојба на војна било какви избори во Украина се стопирани, така што претседателот и Врховната Рада продолжуваат со работа, а со тоа и нивниот легитимитет не е истечен, ниту мандатот на Зеленски. Руската пропаганда веќе ја дискутираше тезата дека од мај 2024 година претседателот Зеленски го загубил легитимитетот, но тоа е неточно.
Претседателот на Украина и парламентот продолжија да имаат целосни овластувања и така ќе остане до следните избори. Нормата е пропишана во Законот за вонредна состојба кој експлицитно забранува завршување на мандат на државни авторитети, меѓу кои претседателот, Врховната Рада, Кабинетот на министрите, Националната банка на Украина, Омбудсманот, Јавните обвинителства и истражувачките тела на Украина.
Уставот на Украина пропишува дека претседателот на Украина продолжува да има мандат и овластувања додека не биде избран следниот претседател.
Главниот принцип е дека не може да има вакуум во највисоките функции на моќта дури ни за време на мирна состојба, а уште повеќе во воена состојба, вели Станислав Шевчук, поранешен претседател на Уставиот суд на Украина.
Уставот предвидува исклучителни случаи во кои власта на претседателот се укинува, а тоа е доколку тој си даде оставка, ако не може да ги остварува своите задолженија и должности поради неговата здравствена состојба или доколку почине. Нема други околности, како, на пример, завршување на неговиот петгодишен мандат на функцијата.
Бројни политичари ја изразија својата поддршка за легитимитетот на Зеленски.
Невозможно е да се организираат избори во воена ситуација. Ние во ЕУ немаме сомнеж дека претседателот на Украина е Володимир Зеленски, изјави Петер Стано, портпарол на Европската Комисија на прес-конференција.
Точно е дека Зеленски е поддржуван од ЕУ, но не за да си ја „уништува земјата“. Украина е жртва на неиспровоцирана воена агресија која ја почна Русија, а која донесе незамисливи последици по Украина. Украина на чело со Зеленски го брани својот територијален интегритет и границите, под напад на надворешен фактор – Русија. Кога Украина не би се бранела од нападот на Русија, тогаш би била целосно заземена и окупирана земја.
На 24 февруари 2022 година Русија започна воена акција во Украина, при што руските сили преминаа во земјата од Белорусија на север, Русија на исток и Крим на југ.
Претседателот Путин рече дека станува збор за „специјална воена операција“ наменета да го заштити народот на Донбас и да ја „демилитаризира и денацизира Украина“. Тој негираше дека Русија планира да окупира украинска територија или да „наметне нешто некому со сила“.
Но, откако Русија изврши стотици напади, како воздушни така и копнени – загинаа (и сè уште гинат) и цивили. Жртвите поради воената инвазија на Русија врз Украина се бројни.
Извештаите сугерираат дека бројот на цивили кои загинале во Украина е рекорден. Вол Стрит Џрнал цитирајќи разузнавачки извори извести дека еден милион Украинци и Руси биле убиени или повредени од почетокот на воената инвазија на Русија врз Украина.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар