„Манго“ не доделува кутија со облека и додатоци за 120 денари

Не е вистина дека „Манго“ доделува кутија облека и додатоци ако пополните анкета. А секогаш кога на граѓаните преку измамнички наградни игри или претплати им се сугерира да платат симболична цена – како во случајов 120 денари, тоа е трик за да ги внесат своите лични и своите банкарски податоци во формулар, за да го дадат својот пристап до некаква претплата и да им бидат повлечени финансиски средства од нивната сметка или еднократно или повеќекратно

Не е вистина дека „Манго“ доделува кутија облека и додатоци ако пополните анкета. А секогаш кога на граѓаните преку измамнички наградни игри или претплати им се сугерира да платат симболична цена – како во случајов 120 денари, тоа е трик за да ги внесат своите лични и своите банкарски податоци во формулар, за да го дадат својот пристап до некаква претплата и да им бидат повлечени финансиски средства од нивната сметка или еднократно или повеќекратно

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува фотографија од облека и пишува:

Мојот пријател работи во 𝐌𝐚𝐧𝐠𝐨 и ми кажа дека многу луѓе не знаат дека со пополнување на кратка анкета може да добиете кутија облека и додатоци. И јас го пробав и штотуку ја добив мојата кутија, приложувам фотографија! Погледнете ја кул облеката што ја добив! Јас платив само 120 МКД.
Ви го оставам линкот што ми го испрати на кој можете да ја пополните анкетата – потребни се само 30 секунди. Кликнете на „нарачајте“ шминка.
Во склоп на објавата има линк book now, меѓутоа во моментот на пишувањето на рецензијата тој е неактивен и не води до активна страница.
Сепак, не е вистина дека „Манго“ доделува кутија облека и додатоци ако пополните анкета. А секогаш кога на граѓаните преку измамнички наградни игри или претплати им се сугирира да платат симболична цена, како во случајов 120 денари, тоа е трик за да ги внесат своите лични и своите банкарски податоци во формулар, за да го дадат својот пристап до некаква претплата и да им бидат повлечени финансиски средства од нивната сметка или еднократно или повеќекратно. Доставите на производите коишто се наведени во објавата, всушност никогаш не се случуваат, туку тоа е само „мамка“ за да се побуди вниманието и интересот на граѓаните и тие во брзање и неажурност, да помислат дека ќе добијат ексклузивна и неверојатна понуда. Вообичаено кога понудите што се пласираат имаат неверојатни перформанси и услови, станува збор за измама.
Дека се работи за невистинита објава дополнително покажуваат и коментарите под неа. Се работи за повеќе автоматски генерирани коментари, од ботови од Романија и Чешка кои по некоја случајност сите „зборуваат“ македонски барем во коментарите во кои невистинито потврдуваат дека ги добиле своите нарачки. Станува збор за профили на коишто нема содржини на македонски јазик, ниту пак, изгледаат како да им припаѓаат на вистински корисници. Примерите се овде, овде, овде, овде.
Во нивните автоматски генерирани коментари, на македонски јазик ги фалат производите што наводно им стигнале откако ја прифатиле понудата и нарачале ваков „пакет“. Всушност не станува збор за реални корисници ни за реални нарачки, туку за ботови и автоматски генерирани пораки.

Дека се работи за невистинита објава покажува и профилот од кој е споделена. Тоа не е официјалната страница на „Манго“ од каде се комуницираат сите евентуални промоции, информации за асортиманот…

Доколку граѓаните сакаат да бидат сигурни дека оние кои им се обраќаат во името на некој бизнис или бренд се навистина лица што овластено комуницираат во име на брендот, тогаш треба да внимаваат на страницата од каде се споделуваат објавите, односно таа да го има синото знакче за автентичност до брендот. Вистинската Фејсбук страница на  „Манго“ може да ја видите на овој линк и таму секако нема има ваква понуда за 120 денари

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција