Манипулација е дека полицијата за новогодишната ноќ ќе влегува во сите домови и ќе јаде руска салата

Фото: скриншот

Станува збор за „кликбејт“ наслов, кој со употреба на сензационализам, недореченост, збунувачки елементи и дезинформации треба да ги наведе корисниците на социјалните мрежи да го кликнат, а откако ќе го сторат тоа се соочуваат со напис кој не е соодветен со насловот. Ова е типичен случај на наслов на кој му недостига контекст (missing context), односно кој манипулира со контекстот со цел да ја наведе публиката во погрешна насока заради здобивање на кликови

 

Станува збор за „кликбејт“ наслов, кој со употреба на сензационализам, недореченост, збунувачки елементи и дезинформации треба да ги наведе корисниците на социјалните мрежи да го кликнат, а откако ќе го сторат тоа се соочуваат со напис кој не е соодветен со насловот. Ова е типичен случај на наслов на кој му недостига контекст (missing context), односно кој манипулира со контекстот со цел да ја наведе публиката во погрешна насока заради здобивање на кликови

 

Преку манипулативен и невистинит наслов се шири дезинформација за новогодишната ноќ и овластувањата кои што ги има полицијата за да спречи групирање на повеќе лица.

Насловот на текстот кој што е предмет на оваа рецензија, тврди нешто што притоа не можете да го прочитате во самиот текст. Во насловот се потенцира едно нешто, а подолу во текстот тоа што го тврди насловот не е ни спомнато.

Насловот е сензационалистички и ги наведува читателите да донесат погрешен заклучок. Во самиот текст не е спомнат насловот, но исто така не е ни прецизно објаснето кога и како полицијата ќе влегува по домовите, па така тој што го чита текстот останува збунет.

Ако славите Нова година дома, очекувајте ја и полицијата на гости – ќе влегуваат сегде да ја пробаат руската салата.

Ова не е точно. Нормално дека полицијата нема да влегува во сите домови и да казнува прослава во рамки на семејствата, односно помеѓу членови што живеат во исто домаќинство. Дури и да сака полицијата не може да постигне да влегува сегде, како што тврди насловот, односно да ги провери сите домови. А уште помалку ќе пробува руска салата.

Како што објаснуваат од МВР, полицијата ќе постапува по пријави, за што е отворен и телефонскиот број 0800 00 201, а претресувањето на домови ќе се случува во координација со јавното обвинителство.

Полицијата ќе постапи по пријавите и ќе преземе мерки во координација со јавното обвинителство за санкционирање на непочитувањето на мерките и препораките кои произлегуваат од Законот за заштита на населението од заразни болести односно Одлуките кои ги носи Владата на Република Северна Македонија.

Насловот може да се сфати и како сатира, но тоа никаде не е наведено ниту објаснето за да може тој што го чита текстот да направи дистанца. Но, од друга страна, текстот од написот не е сатиричен. Напротив, во текстот е употребен тон и јазик типичен за стандрадна вест, што, пак, го наведува читателот да помисли дека и насловот е сериозен ист онака ккако и самиот текст на веста. Заради ова се добива впечаток како да се забранети сите прослави, дури и со луѓето со кои што го делите домот.

Она што е забрането се групни и организирани собири за време на празниците и забрана за собири на јавни места.

Во заострените мерки на Владата точно се кажува какви прослави не се дозволени и не се спомнува никакво влегување „во сите домови“. Напротив, иако со новите мерки Владата забрани „давање под наем на викендици и други туристички капацитети за сместување на територијата на Република Северна Македонија, за групно собирање и организирање на прослави по повод претстојните новогодишни и верски празници“, сепак, од ваквата забрана е изземено давањето „под наем на лица од едно исто семејство“. Тоа значи дека во рамките на едно исто семејство ќе може да се прославуваат празниците и тоа не само во сопствните домови, туку и во изнајмени викендици и други туристички капацитети за сместување.

Објавата на ваков текст и ваков наслов нема за цел точно и прецизно информирање на јавноста, туку преку сензационализам да ја манипулира и збунува. Станува збор за „кликбејт“ наслов, кој со употреба на сензационализам, недореченост, збунувачки елементи и дезинформации треба да ги наведе корисниците на социјалните мрежи да го кликнат, а откако ќе го сторат тоа се соочуваат со напис кој не е соодветен со насловот. Ова е типичен случај на наслов на кој му недостига контекст (missing context), односно кој манипулира со контекстот со цел да ја наведе публиката во погрешна насока заради здобивање на кликови.

Токму заради сето ова, ваквата објава стана вирална со речиси 300 коментари и 18 споделувања. Коментарите под објавата, пак, поттикнати од непрецизниот и тенденциозен наслов се во негативен контекст и со навреди кон полицијата, чија задача е заштита на јавното здравје.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција