Манипулација: Можно поскапување на цигарите во Бугарија, прикажано како да се однесува на С. Македонија
Цигарите е можно да поскапат и да достигнат цена над 270 денари во Бугарија, а не во С. Македонија. Очигледно е дека објавата имала намера да манипулира со цел да привлече што е можно повеќе кликови и реакции. И успеала во тоа имајќи предвид дека е доста вирална
Цигарите е можно да поскапат и да достигнат цена над 270 денари во Бугарија, а не во С. Македонија. Очигледно е дека објавата имала намера да манипулира со цел да привлече што е можно повеќе кликови и реакции. И успеала во тоа имајќи предвид дека е доста вирална
Анализираме објава на Фејсбук која тврди дека кутија цигари ќе достигне над 270 денари.
Кутија цигари ќе достигне над 270 денари – ПОВЕЌЕ НА ЛИНКОТ ВО КОМЕНТАР, стои во објавата.
Објавата споделува и напис кој кога ќе го отворите ќе видите дека станува збор за вест која се однесува на Бугарија.
Поднесен е нов предлог за зголемување на акцизите за цигарите во Бугарија. Од Коалицијата за живот без чад наведуваат дека со повисоката стапка ќе се обезбедат повеќе пари во буџетот, објави НОВА. Тие предвидуваат дека зголемувањето ќе доведе до намалување на пушачите. Идејата е акцизите за тутунските производи рамномерно да се зголемуваат во следните три години. Пресметките покажуваат дека една кутија цигари секоја година ќе поскапува за 70-80 центи, стои во написот.
Но, фејсбук-објавата намерно го пропуштила тој дел, наведувајќи ги следбениците да помислат дека цигарите во С. Македонија ќе достигнат цена над 270 денари, што е видливо и од коментарите под објавата.
Па така, во комeнатрите се напаѓаат Владата и владините мерки:
Очигледно е дека објавата немала за цел да информира, туку да манипулира со цел да привлече што е можно повеќе кликови и реакции. И успеала во тоа имајќи предвид дека е доста вирална. Но факт е дека цигарите е можно да поскапат и да достигнат цена над 270 денари во Бугарија, а не во Македонија.
Поради тоа оценуваме дека на објавата ѝ недостига контекст.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар