Манипулација: Се посочуваат виновници без докази, „Лукоил“ е во Македонија од 2006 година

Бензинска пумпа „Лукоил“ - с. Лешок Фото: Фисник Џелили/Порталб.мк

Фактите говорат дека првата бензинска пумпа „Лукоил“ во Македонија започна со работа на 1 септември 2006 година, во населбата Камник, на влезот во Скопјe. А не во 2021 година, како што тврди текстот, преобјавен и во неколку други медиуми на албански јазик. Компанијата е основана како ЛУКОИЛ Македонија ДООЕЛ Скопјe, по потпишувањето на Меморандум за соработка со Владата на Република Македонија во август 2005 година

Фактите говорат дека првата бензинска пумпа „Лукоил“ во Македонија започна со работа на 1 септември 2006 година, во населбата Камник, на влезот во Скопјe. А не во 2021 година, како што тврди текстот, преобјавен и во неколку други медиуми на албански јазик. Компанијата е основана како ЛУКОИЛ Македонија ДООЕЛ Скопјe, по потпишувањето на Меморандум за соработка со Владата на Република Македонија во август 2005 година

 

Текст објавен на порталот Fol.mk со наслов: „Трамп: Лукоил ја финансира Русија. Но, кој ја донесе оваа компанија во Македонија во 2021 година?“, покренува сомнежи за вмешаност на ДУИ во донесувањето на руската нафтена компанија во С. Македонија. Но, дали е тоа така?

Текстот што го разгледуваме не ги проверува фактите, го отвора прашањето за тоа кој ја донел „Лукоил“ во Северна Македонија, но не одговара на поставеното прашање.

Но, останува прашањето кој го донесе „Лукоил“ во Северна Македонија во октомври 2021 година. Секако, тогашната влада, во која учествуваше и ДУИ, имала сознанија за компанијата „Лукоил“. Инаку, според информациите, познато е дека во тоа време сите службени возила во Северна Македонија се снабдувале со нафта токму од „Лукоил“. Дали ова е во согласност со изјавите на ЕУ за влијанието на Русија во нашата земја?наведува медиумот.

Фактите говорат дека првата бензинска пумпа „Лукоил“ во Македонија започна со работа на 1 септември 2006 година, во населбата Камник, на влезот во Скопјe. А не во 2021 година, како што тврди текстот, преобјавен и во неколку други медиуми на албански јазик.

Компанијата е основана како ЛУКОИЛ Македонија ДООЕЛ Скопјe, по потпишувањето на Меморандум за соработка со Владата на Република Македонија во август 2005 година.

Текстот покренува сомнежи за тогашната Влада, во која партиципирала ДУИ, и нејзините можни врски со компанијата „Лукоил“, но во ниту еден момент не дава никаков аргумент. Ваквите тврдења мора да се проверат пред да се создаде каков било сомнеж или забуна во јавноста.

На насловната фотографија од текстот е прикажан лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, асоциракќи дека тој е главниот виновник за доведувањето на „Лукоил“ во РСМ.

Инаку, американскиот претседател Доналд Трамп на 22 октомври објави нови „вонредни“ санкции против две од најголемите руски нафтени компании, „Роснефт“ и „Лукоил“, во обид да изврши притисок врз Москва да ја прекине војната во Украина. Ова доаѓа една недела откако Велика Британија воведе слични санкции врз „Роснефт“ и „Лукоил“, и само еден ден откако Трамп изјави дека планираната средба со Путин во Будимпешта ќе биде одложена на неодредено време.

Санкциите, наметнати од Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) при Министерството за финансии на САД, ефикасно ги ставаат на црната листа двата најголеми руски производители на нафта.

Понатаму во веста  се вели „според информациите, познато е дека сите службени возила во Северна Македонија се снабдувале со нафта од „Лукоил“, но и овој дел не е поткрепен со никакви официјални податоци. Текстот не го почитува основното новинарско правило за наведување на најмалку два извора.

Фото: Принсткрин од веста на Fol.mk

Насловот, главната фотографија и содржината немаат ништо заедничко. Написот тврди дека е новинарски, а извлекува погрешни заклучоци без докази. Насловот треба да ја одразува содржината, ниту еден заклучок во насловот не е опфатен или докажан во текстот.

Текстот го крши главниот принцип на новинарот, а тоа е да ја почитува вистината и правото на јавноста да биде информирана, во согласност со член 16 од Уставот.

Според Етичкиот кодекс на новинарите, новинарот мора да објавува точни и проверени информации и не смее да крие суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информациите не можат да се потврдат, или ако станува збор за претпоставка или шпекулација, тоа треба да се наведе и објави. Точноста на информациите треба да се провери колку што е тоа можно.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција