Манипулација со фотографии од споменици во Русија и Хаг

Скулптурата на човечка фигура со различни полови карактеристики и животно налик на мечка на неговата глава се нарекува „И животот е на другата страна“ (And Life Is Over There), и се однесува на стих од песна на Емили Дикинсон. Според авторката Феми Отен, скулптурата не е поврзана со мајчинството. Делото од Хаг, не претставува ода на мајчинството, туку симбол на слободата на мислата и различноста, испреплетувањето на сите живи суштества

Скулптурата на човечка фигура со различни полови карактеристики и животно налик на мечка на неговата глава се нарекува „И животот е на другата страна“ (And Life Is Over There), и се однесува на стих од песна на Емили Дикинсон. Според авторката Феми Отен, скулптурата не е поврзана со мајчинството. Делото од Хаг, не претставува ода на мајчинството, туку симбол на слободата на мислата и различноста, испреплетувањето на сите живи суштества

 

 

Пост на Фејсбук манипулира со фотографија од споменик во Хаг, тврдејќи дека таа го прикажува симболот на мајката на „пропаднатата Западна цивилизација“. Скулптурата на бисексуално суштество не е „Споменик на европската мајка“, како што се наведува во постот. Широката интерпретација на скулптурата на холандскиот уметник Феми Отен, наспроти рускиот Споменик на мајката, како пропаганда на Западот, ментална болест и колапс на семејството и традиционалните вредности, е стигматизирачка и манипулативна.

На левата страна споменик за мајка во Источна Европа, а на десна страна споменик во Хаг посветен на мајката (програмирање на неморалността). На левата страна е источна цивилизација а на десно е пропаста на Западната цивилизација, се вели во објавата што ја анализираме.

Руската скулптура навистина се нарекува „Споменик на мајката“ и од 2010 година се наоѓа во градот Тјумен. Поставена на Меѓународниот ден на детето во парк недалеку од регионалната болница, статуата ја симболизира „убавината на мајчинството“.

Од друга страна, скулптурата на човечка фигура со различни полови карактеристики и животно налик на мечка на неговата глава се нарекува „И животот е на другата страна“ (And Life Is Over There), и се однесува на стих од песна на Емили Дикинсон. Според авторката Феми Отен, скулптурата не е поврзана со мајчинството.

Делото од Хаг, не претставува ода на мајчинството, туку симбол на слободата на мислата и различноста, испреплетувањето на сите живи суштества.

Ова е првата бронзена скулптура што Отен ја изложи на јавен простор – на едно од шеталиштата во Хаг.

Во оваа скулптура слична на тотем и родова фузија, се обединуваат различни визуелни култури; Со сета своја смиреност и ранливост, делото е авторска ода на слободата на мислата, објавено е на веб-страницата на уметничката организација Stroom.

Во делото на Феми Отен наоѓаме референци за уметност од античка Грција, Египет, средниот век и ренесансата.

Нејзиниот магичен универзум е населен со мистериозни, хибридни суштества со елементи на човек, бог и животни, се наведува во описот на ова дело.

Директна инспирација на авторот за делото е грчкото божество Хермафродит, потомок на божицата Афродита и богот Хермес. По спојувањето со нимфата, Хермафродит станува бисексуално суштество со голема убавина. Хермафродит бил многу вообичаен мотив во старогрчката и римската уметност.

Скулптурата „И животот е на другата страна“ го добила името по стих од љубовната песна „Не можам да живеам со тебе“ на американската поетеса Емили Дикинсон. Насловите на делата на Феми Отен често се однесуваат на поезијата на Дикинсон, во која уметникот препознава чувства на осаменост, копнеж, разочарување и „желба да се биде слободен“.

Значи, спорната холандска скулптура не „пропагира негативни западни вредности“ и „ментална болест“ претставувајќи мајка со машки гениталии, како што тврди постот што го анализираме. Уметничкото дело на Феми Отен може да се толкува на различни начини, од кои само еден е дека сите живи суштества, како што вели и самата авторка на скулптурата, се испреплетени.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција