Манипулација: Зеленски прикажан како виновник за војната во Украина
Целата објава е манипулативна и има за цел да ги прикаже Украина, односно Зеленски и Европската Унија како виновни за војната. Овој дезинформациски наратив е познат про-Кремљ наратив и не е нов. Русија постојано, сакајќи да ја оправда својата „специјална воена операција“, ги извртува тезите. Украинскиот претседател Зеленски е најважната дезинформациска мета на Кремљ. Тој постојано е обвинуван дека е марионета во рацете на западните сили, дека ја вовлекол Украина во војна и слично. Факт е дека Зеленски е присилен да се брани од руската агресија во што му помагаат НАТО и ЕУ
Целата објава е манипулативна и има за цел да ги прикаже Украина, односно Зеленски и Европската Унија како виновни за војната. Овој дезинформациски наратив е познат про-Кремљ наратив и не е нов. Русија постојано, сакајќи да ја оправда својата „специјална воена операција“, ги извртува тезите. Украинскиот претседател Зеленски е најважната дезинформациска мета на Кремљ. Тој постојано е обвинуван дека е марионета во рацете на западните сили, дека ја вовлекол Украина во војна и слично. Факт е дека Зеленски е присилен да се брани од руската агресија во што му помагаат НАТО и ЕУ
Анализираме објава на Фејсбук во која се вели:
Трамп е апсолутно во право – “Зеленски се коцка со животите на Украинците”.
Ова е трагедија, ова се гробови на стотици илјади Украинци.
Ова го сака Урсула и останатите што ја поддржуваат војната во Украина. Треба да одговараат за злосторства од невидени размери. Сиромаштијата гине херојски, а тие се смеат и се фотографираат со Зеленски .
Објавата има за цел да ја манипулира јавноста и да прикаже дека Зеленски и Украина, со поддршка на Европската Унија, се виновни за војната. Но фактите говорат поинаку. Точно е дека на средбата во Белата куќа американскиот претседател му порача на украинскиот колега дека се коцка со животите на милиони луѓе (не само на Украинците, како што пренесува објавата) и дека се коцка со трета светска војна. (на видеото овие зборови на Трамп можат да се слушнат од 5:00 до до 5:15 минута).
Но, Зеленски не e тој кој ја започна војната и оттука не може да биде виновен за жртвите во војната кои ги има и на руска страна, не само на украинска.
Тврдењето дека Зеленски, заедно со ЕУ, односно со западните држави ја вовлекол Украина во војна и поради тоа е погрешно и манипулативно и потсетува на честите дезинформациски наративи на Кремљ.
На 24 февруари 2022 година, руските трупи започнаа напад врз Украина нареден од претседателот Владимир Путин, кој најави „специјална воена операција“ во раните мугри, и покрај предупредувањата од светските државници дека потегот може да доведе до најголемата војна во Европа од 1945 година.
Опсегот на рускиот напад беше масовен дожд од ракети истурен врз украинските градови, додека руските копнени трупи наголемо влегуваа на украинска територија од повеќе правци. Украинското министерство за внатрешни работи соопшти дека земјата била цел на напад од крстосувачки и балистички ракети, а особено се целело кон инфраструктурата во близина на големите градови како Киев, Харков, Мариупол…, објави тогаш Дојче веле.
На нападот му претходеше одлуката на рускиот претседател Путин од 21 февруари 2022 година, за признавање на независноста на таканаречените народни републики во Доњецк и Луганск, кои од 2014-тата година се под контрола на проруските сепаратисти. Ваквата одлука на Путин му овозможи директно да испрати руски воени единици во Источна Украина, каде веќе беа во тек повремени судири меѓу украинските сили и проруските сепаратисти.
Од почетокот на агресивната воена инвазија на Русија врз Украина, во повеќе наврати пропагандата на Кремљ се обидува да ги изврти тезите односно да наметне низа оправдувања за своите напади. Вистината е дека Русија е таа којашто изврши неиспровоцирана воена инвазија врз Украина, на 24 февруари 2022 година. Да се очекува од Украина да седи со скрстени раце би значело дека граѓаните на Украина се согласуваат со тоа да бидат окупирани и територијално преземени од Русија, што не се случи. Украина како независна држава со територијален интегритет и суверенитет има право да се брани и да ги користи расположливите средства на помош од своите пријатели. Доколку не го прави тоа, тогаш таа би се соочила со уште поголеми територијални претензии од страна на Русија.
Украинскиот претседател Зеленски е најважната дезинформациска мета на Кремљ. Тој постојано е обвинуван дека е марионета во рацете на западните сили, дека ја вовлекол Украина во војна и слично. Факт е дека Зеленски е присилен да се брани од руската агресија во што му помагаат НАТО и ЕУ.
Другата манипулација содржана во објавата е дека ЕУ сака во Украина да има војна нагласувајќи дека „Урсула фон дер Лајен направила злосторства од невидени размери“. Не е точно дека Европската Унија ја поддржува војната во Украина и дека навива за тоа да има војна. Исто така е апсолутно неточно дека претседателката на Европската комисија Фон дер Лајен направила некакви злосторства од невидени размери. Ако ги направила, за истите би одговарала, но такво нешто нема.
ЕУ ѝ пружа воена и финансиска помош на Украина која има право да се брани од воената руска инвазија и да го штити својот територијален интегритет.
ЕУ и нејзините земји-членки се обединети во нивната непоколеблива поддршка за Украина и цврсто ја осудуваат руската брутална воена агресија против Украина и нелегалната анексија на украинските региони Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон.
Од февруари 2022 година, Европскиот совет и Советот на Европската Унија редовно се состануваат за да разговараат за ситуацијата во Украина од различни перспективи.
Русија мора веднаш да ја прекине оваа страшна војна. Европската Унија ќе застане до Украина со својата цврста поддршка онолку долго колку што е потребно, стои во заклучоците на Европскиот совет од 9 февруари 2023 година.
Лидерите на ЕУ во неколку наврати побараа Русија веднаш да ги прекине своите воени акции, безусловно да ги повлече сите сили и воена опрема од Украина и целосно да го почитува територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина. Тие го истакнаа правото на Украина да ја избере својата судбина и го пофалија народот на Украина за нивната храброст во одбраната на својата земја.
ЕУ покажа единство и сила и ѝ обезбеди на Украина хуманитарна, политичка, финансиска и воена поддршка.
И на крај, третата манипулација содржана во објавата е дека „сиромаштијата гине херојски“, а европските лидери се сликаат насмеани со Зеленски. Прво, во Украина е прогласена општа мобилизација, што значи дека во војна се мобилизираат сите мажи на возраст од 25 до 60 години, без разлика дали се сиромашни или богати. Указот на претседателот на Украина Володимир Зеленски за општа мобилизација е во сила од 24 февруари 2022 година.
За разлика од Украина, во Русија нема такво нешто. Како што наведува ЦНА, независна, непрофитна организација за истражување и анализа посветена на безбедноста и безбедноста на нацијата, воените пресврти на Русија во Украина резултираа со огромни загуби на руски борбен персонал, што го натера Кремљ да продолжи со широк опсег на мобилизациски активности за да ги надополни руските борбени сили во Украина. Тие вклучуваат регрутирање дополнителни војници со договор, проширување на приватните воени компании, формирање регионални доброволни баталјони, распоредување чеченски милиции, насилно мобилизирање на украинските сепаратисти во регионот на Донбас и – најважно – активирање на руски резервисти. Значи во Русија, а не во Украина, има опција за пријавување во војска на доброволна основа за пари, што може да подразбира „гинење на сиромаштијата“.
Целата објава е манипулативна и има за цел да ги прикаже Украина, односно Зеленски и Европската Унија како виновни за војната. Овој дезинформациски наратив е познат про-Кремљ наратив и не е нов. Русија постојано, сакајќи да ја оправда својата „специјална воена операција“, ги извртува тезите. Украинскиот претседател Зеленски е најважната дезинформациска мета на Кремљ. Тој постојано е обвинуван дека е марионета во рацете на западните сили, дека ја вовлекол Украина во војна и слично. Факт е дека Зеленски е присилен да се брани од руската агресија во што му помагаат НАТО и ЕУ.
Поради сето ова, објавата која ја анализираме ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар