Манипулативна објава меша библиски наратив со современи политики
Абортус и убивање бебиња со ножеви и мечеви не е исто. Едното е право и законска можност во повеќе држави – без оглед на нечии политички ставови, а другото е злосторство.
Абортус и убивање бебиња со ножеви и мечеви не е исто. Едното е право и законска можност во повеќе држави – без оглед на нечии политички ставови, а другото е злосторство. Во објавата не се наведуваат конкретни закони или официјални документи на НАТО или ЕУ што би покажале дека нивната цел е „убивање на децата“ и релевантни податоци што би ги потврдиле ваквите генерализирани тврдења
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
Се е исто само оружјето е пософитицирано!
Во склоп на објавата има 2 фотографии. На првата има дел од Библијата – „Кога Исус се роди Сатаната им нареди на властодржачите да ги убијат сите бебиња (Убијте ги сите машки деца под 2 години во Витлеем и околината Матеј 2:16). На втората фотографија креирана со вештачка интелигенција и симболот на НАТО пишува: „Тогаш со меч и крв. Денес со закони, политика и систем. Абортус (убиство на неродени деца), финансии и политика (зависност), воени конфликти (уништување на иднината), промоција на ЛГБТ и разни идеологии, контрола преку медиуми и образовни системи, намалување на семејните вредности. Не е повеќе мечот, туку законите, парите и лажните вредности што ги убиваат нашите деца, власта се менува но целта останува иста“.
Во Матеј 2:16 се опишува таканареченото „масакрирање на невините“ – приказна според која царот Ирод, откако дознал за раѓањето на Исус и дознал дека мудреците не се вратиле кај него, наредил да бидат убиени машките деца во Витлеем и неговата околина, на возраст од две години и помлади.
Меѓутоа, важно е да се направи прецизна разлика: во библискиот текст не пишува дека Сатаната му наредил на Ирод да ги убие децата. Тоа е интерпретација додадена во фотографијата од објавата.
Објавата прави голем скок од конкретен библиски наратив до тврдење дека современите општества имаат иста цел: уништување или „убивање“ на децата – но не покажува кој го спроведува тоа, каква е организацијата, кој е планот, ниту пак презентира документи или други проверливи докази за постоење на таква координирана политика. На фотографијата го има симболот на НАТО и на ЕУ.
Во објавата не се наведуваат конкретни закони или официјални документи што би докажале постоење на таква политика, институција или организација која наводно ја спроведува оваа политика, докази за постоење на координиран план, официјални документи на НАТО или ЕУ што би покажале дека нивната цел е „убивање на децата“ и релевантни податоци што би ги потврдиле ваквите генерализирани тврдења.
Абортус и убивање бебиња со ножеви и мечеви не е исто. Едното е право и законска можност во повеќе држави – без оглед на нечии политички ставови, а другото е злосторство. Финансии и политика постоеле отсекогаш, признавање на правата на ЛГБТ- заедницата е законски регулирано со одредба донесена од демократските избрани претставници и демократски создадените институции.
Oфицијалната политика на ЕУ во однос на децата е насочена кон заштита и унапредување на нивните права. Европската комисија експлицитно наведува дека правата на детето се човекови права и дека ЕУ и земјите членки треба да ги почитуваат, штитат и унапредуваат. ЕУ има и посебна Стратегија за правата на детето, чија цел е заштита на сите деца, пристап до основни услуги и зајакнување на нивните права. НАТО има официјална Политика за децата и вооружениот конфликт. Во неа Алијансата наведува дека пристапот кон заштита на децата во вооружени конфликти се темели на правни, морални и политички обврски.
А медиумите во демократските земји се слободни. Според извештајот на „Репортери без граници“ од регионот, задоволителна е состојбата во Словенија и Црна Гора. Прва на ранг-листата според слободата на медиумите веќе десетта година по ред, е Норвешка. НАТО и ЕУ чии симболи се претставени на фотографијата немаат политика или цел каква што им се припишува во објавата.
Поради сите горенаведени факти оценуваме дека во објавата што ја рецензираме се пропушта контекстот.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар