Мапите за временска прогноза во Британија не се направени за да застрашуваат со летни температури

Фото: Принтскрин видео

Тврдењето  во постот дека променета на графика на временската прогноза е со цел да се накалемат неосновани стравови за нормалните летни температури меѓу граѓаните, не е вистинито. Мапите кои во Велика Британија се користат за временската прогноза на телевизија низ годините се променети за да им бидат подостапни на луѓето коишто живеат со состојби како на пример, далтонизам (бојно слепило, неможност да се разикуваат некои или сите бои) 

Тврдењето во постот дека промената на графика на временската прогноза е со цел да се накалемат неосновани стравови за нормалните летни температури меѓу граѓаните, не е вистинито. Мапите, кои во Велика Британија се користат за временската прогноза на телевизија, низ годините се променети за да им бидат подостапни на луѓето коишто живеат со состојби, како на пример, далтонизам (бојно слепило, неможност да се разикуваат некои или сите бои) 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се претставени мапи со температури од известувања за временската прогноза. Евидентно од фотографиите е дека едната од нив е со црвена боја, што авторката на постот го толкува како медиумско застрашување во поглед на високите температури. Другата фотографија, пак, за која се вели дека е постара, исто така, потекнува од медиумско известување за временската прогноза, но на неа копнениот дел од мапата не е обоен во црвена боја, туку е сивкаст и боите на таа фотографија делуваат понеутрално. Во постот се вели:

Вака се програмира народ. Едната слика е од пред 20-30 години, а другата на десно е од деновиве. Како ќе застрашуваат народ а и воедно ќе убедат народ дека е катаклизмичен настан да е топло со 35 степени Целзиусови? Со бои, се разбира.

Меѓутоа, мапите кои во Велика Британија се користат за временската прогноза на телевизија низ годините се променети, пред сè, за да им бидат подостапни на луѓето коишто живеат со состојби, како на пример, далтонизам (бојно слепило, неможност да се разикуваат некои или сите бои). Ова за проверувачите на факти на „Ројтерс“, го изјавиле од британскиот национален сервис за временска прогноза.

Далтонизмот го добил името по англискиот физичар и хемичар Џон Далтон (1766-1844), кој прв ја проучувал оваа болест, бидејќи самиот страдал од неа. Човечката мрежница содржи три типа клетки што впиваат светлина во различни делови од спектарот. Отсуството на овие типови клетки предизвикува далтонизам за црвена, зелена и сина боја. 

Затоа, на двете фотографии од временската прогноза во Велика Британија на кои се известува за топлотни бранови, има различни бои, а не за да се убеди народот дека температура од 35 целзиусови степени е катаклизмичен настан.

Првата временска прогноза, која се наоѓа на левата страна од фотографијата, покажува сивкаста мапа од британските острови, со икони за означување на ветерот и сонцето. Температурата се движи во опсег меѓу 25 до 35 степени Целзиусови. Фотографијата е објавена за првпат во август 2003 година во албум на Фликр од фотографот Стујарт Акс.

Тој подолго време објавува фотографии од извештаи за временската прогноза со разбирливи детали за контекстот, датумот кога се објавени и изворот. Според она што го изјавил за „Ројтерс“, станува збор за фотографија од извештај за временската прогноза од „Би Би Си“ од 2003 година. Датумот кореспондира со топлотен бран во Европа, кој уби 20 илјади луѓе во 2003 година.

Втората фотографија во постот, од десната страна, покажува слични температури, но овојпат Британските острови се обоени во најголем дел во црвена и темно црвена боја. Жолти и портокалови делови има во делот на мапата за Шкотска, заедно со брегот на Ирска. Оваа фотографија потекнува од Метереолошката канцеларија на Велика Британија (Мет Офис) од јули 2016 година.

Но, како што изјавиле од Мет Офис, тврдењето дека подобрената и променета графика на временската прогноза е со цел да се накалемат неосновани стравови за нормалните летни температури меѓу граѓаните, не е вистинито.

Професорот Џон Маршам, кој работи во Мет Офис, за „Ројтерс“ изјавил дека адаптациите се направени за да им се помогне на лицата кои живеат со далтонизам:

Фејсбук постот е заведувачки, бидејќи се тврди дека боите е променети со цел температурите кои во минатото изгледале како да не се опасни, сега да изгледаат опасни и застрашувачки. Но, тоа беше сторено за да се адаптираат мапите за лицата кои живеат со далтонизам.

И од „Би Би Си“ за „Ројтерс“ изјавиле дека адаптациите на временската прогноза во 2017 година биле направени за да станат подостапни за гледачите, особено оние со далтонизам.

И метеорогологот на Мет Офис, Аиден Мек Гиверн на Твитер детално напиша дека температурните бои се направени за да се подостапни за лицата со далтонизам и дека националниот сервис за временска прогноза  „уште понекогаш објавува среќни весели и сончеви мапи на социјалните мрежи“.

Аидан Мек Гиверн, метеоролог на МетОфис, на Твитер објаснува:

Ја видов смешната споредба меѓу двете мапи на социјалните мрежи последниве денови. Јас ја креирав температурната скала на бои со помош на колега. Затоа знам, дека фотографијата од десната страна е фалсификувана. Графиките на Мет Офис не се дизајнирани да создадат страв.

Во следниот твит тој дообјаснува:

Како знам дека сликата од десната страна е фалсификувана? Затоа што имавме редизајн на графиката на почетокот на годинава. Го сменивме изгледот на мапата, температурните симболи, температурната скала итн. Оваа слика од десно, користи стар изглед на мапата, старите симболи но не и старите температурни бои. Еве како изгледаше старата скала на 30 до 34 степени.

Во следниот твит тој вели:

Дури и кога рекордна топлина беше предвидувана во минатото, имавме портокалови и црвени тонови на мапите и ништо налик на фотографијата во првиот пост. Ова е како изгледаше прогнозата кога имаше рекордни температури во 2019.

 

За жал, старата мапа која имаше мешавина на нијанси на сино, зелено, портокалово, црвено, не беше достапна за лица како мене, кои се далтонисти. Така што ги сменивме температурните бои за да ги направиме мапите полесни за луѓе кои се далтонисти, како мене. Тоа е сè, нема конспирација.

Еве како изгледа новата скала на бои за време на типичен бран топлина во Велика Британија (истите броеви на температурите како во сликите на првиот пост). Нема темно црвена и нема црнкасти нијанси, пишува тој.

На крајот од серијата твитови, метеорологот апдејтира:

Само што ми кажаа дека во јули 2016 година, Мет Офис твитнале мапа која личи на сликата од десната страна. Не бев запознаен дека имало таков твит. Се чини дека оваа слика е исклучок и дека температурата и бојната скала која е комбинирана во таа фотографија не кореспондира со тие што ги користиме оттогаш до денеска.

Директорот на Грантхам институтот за климатски промени на Империјал колеџот во Лондон, професорот Ср Брајан Хоскинс, за „Ројтерс“ вели дека новиот стил исто така ја симплифицира прогнозата за гледачите.

Новиот формат веднаш им кажува на гледачите дека е екстремно топло споредено со она во минатото, во нивната област. Стариот формат значеше дека гледачот мораше да ги чита бројките на мапата, да биде свесен за минатите многу високи температури и потоа да ги споредува. Пораката за многу високи температури со сонцето, треба да се истакне јасно, за да биде достапна таа порака за граѓаните. Не треба да се прави таа порака да изгледа весела, туку јасна, вели тој додавајќи дека топлите температури стануваат сè поекстремни.

Даглас Паркер, професор по метеорологија од Универзитетот Лидс, за „Ројтерс“ вели дека ситуацијата не е нормална и покрај тоа што се сугерира дека температурите, кои се високи, се вообичаени.

Не е коинциденција што се користат темно црвени бои за температури повисоки од 30 степени зашто тие се животозагрозувачки. Ако се преправаме дека е поинаку, луѓето нема да се предупредени за условите што им се закануваат по животот и по животот на нивните сакани и метеоролозите нема да ја исполнуваат својата обврска кон граѓаните, вели Паркер додавајќи дека:

топлотните бранови предизвикале илјадници прерани смртни случаи меѓу здравите и луѓето со коморбидитети.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека во постот што го рецензираме, се пропушта контекстот кога се тврди дека температурата над 35 степени се прави обид да биде претставена како катаклизмичен настан и тоа со користење на различни бои во временската прогноза во британските медиуми.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција