Марјан Јанев

Марјан Јанев e градоначалник на Oпштина Василево

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Марјан Јанев  е роден на 22 ноември 1986 год. во Струмица, живее во с. Градошорци , Општина Васеилево.  Оженет е и татко е на едно дете.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Основно образование завршил во ОУ „Гоце Делчев“,  Василево, а средно образование во  ветеринарното училиште „Кочо Рацин“ во Свети Николе.
Тој е доктор по ветеринарна медицина,  дипломирал на Факултетот за ветеринарна медицина при универзитетот „Св.Кирил и Методиј“  Скопје.

 

КАРИЕРА

Јанев работел како доктор по ветеринарна медицина во ДПТУ „Ветерина нова“,Струмица.

Во периодот 2013-2017 година бил член на Советот на Општина Василево.

Тој е член на СДСМ од 2009 година.

На локалните избори кои се оджаа на 15 октомври 2017 година е избран за градоначалник на Општина Василево.

 

ИЗВОРИ:

Веб-страница на Општина Василево: Градоначалник

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција