Марјан Ристески
Ветувања
Марјан Ристески, градоначалник на Општина Прилеп
ПРИВАТЕН ЖИВОТ
Марјан Ристески е роден 20 февруари 1972 година во Прилеп. Сопруг на Фанка и татко на Михаела.
Учесник бил во воениот конфликт во 2001 година е еден од преживеаните во трагичниот настан кај месноста „Карпалак”.
ОБРАЗОВАНИЕ
Основно и средно образование завршил во Прилеп. Средношколската диплома му е од прилепската гимназија „Мирче Ацев“.
Дипломирал на Економскиот факултет во Прилеп при универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола и по професија е економист.
КАРИЕРА
Во периодот од 1998 година до 2005 година работел како комунален инспектор во Локална самоуправа – општина Прилеп.
ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА
Во 2005 година е избран за градоначалник на општина Прилеп и денес ја извршува функцијата Градоначалник на Прилеп веќе трет мандат.
Од 2003 година неколку години бил Претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ во Прилеп. Од тој период па до денес е член на највисокото тело на ВМРО ДПМНЕ – член на Извршниот комитет.
Од 2005 до 2012 година е член на Управниот одбор на ЗЕЛС.
Бомбите
Името на Градоначалникот Марјан Ристески беше често споменувано во снимките од објавените „бомби“. Од разговорите има индиции дека ја злоупотребувал функцијата и дека активно учествувал во изборни нерегуларности.
СЈО нема покренато постапка против Марјан Ристески.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар