Прилепско Тополчани доби детска градинка

Детска градинка во с.Тополчани Фото: Општина Прилеп

 

Проект: Изградба на детска градинка во с.Тополчани.

Ќе изградиме детска градинка во с.Тополчани, со што ќе се овозможи поголем пристап на децата од руралните средини и нивна целосна интеграција во општествената средина, преку процесот на социјализација како основен предуслов за нормален психофизички раст и развој. (Буџет: 1,3 милиони денари. Извор на средства: буџет на РМ. Рок за реализација: 2013 година.)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Проектот за изградба на детска градинка во с.Тополчани е исполнето ветување на градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески, дадено во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори 2013-2017 година, насловена како „Нови дела за нов напредок, нови дела за подобар Прилеп“ (стр.58).

Ова ветување градоначалникот Ристески го исполнил неколку месеци откако стапил на функција. Имено, по изборите во март, дел од медиумите на 02.10.2013 година, јавија дека с. Тополчани добило нова детска градинка. Според она што е објавено, новата градинка не е посебен објект, туку адаптиран простор од ОУ „Круме Волнароски“.

Во прилепско Тополчани, од денеска дваесет и пет деца ќе можат да посетуваат детска градинка, во адаптираниот простор на Основното училиште „Круме Волнароски“. Ова е прва детска градинка во руралните населби на Прилепскиот регион, како дел од Владиниот проект за обезбедување други просторни услови за децата од предучилишна возраст, во кој финансиски партиципираше и локалната самоуправа на Прилеп, информира телевизија Алфа.

Веста за новата детска градинка во Тополчани беше пренесена и на официјалната веб страна на Општина Прилеп.

Градоначалникот Марјан Ристески денска во друштво на Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов свечено ја пуштија во употреба новата градинка во н.м. Тополчани која има капацитет за 25 деца а се наоѓа во рамките на О.У. „Круме Волнароски“.

Овој проект како завршен е забележан и во Oтчетот на Ристески за сработеното во мандатот 2013-2017 година, во делот на социјална заштита, на стр.97, каде има и фотографија од внатрешноста на градинката.

Имајќи го предвид сето погоре, може да се заклучи дека ветувањето на градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески за изградба на детска градинка во с.Тополчани е исполнето.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Ана Анастасовска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција