Марјанчо Николов
Марјанчо Николов е член на СДСМ, кој досега четири пати бил пратеник во Собранието на Република Македонија.
ПРИВАТЕН ЖИВОТ
Роден е на 18.10.1971 година во Велес. Македонец по националност.
ОБРАЗОВАНИЕ
Дипломирал на Економскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.
ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА
Политичката кариера ја започнува како член на Советот на Општина Велес во 2000 година, а на локалните избори во 2005 година станува и претседател на Советот.
Бил пратеник од редовите на СДСМ во Собранието на Република Македонија во четири мандати досега, односно бил избран на изборите во 2006, 2008, 2011 и 2014 година.
Во досегашниот парламентарен состав Марјанчо Николов беше заменик-претседател на Буџетски совет на Собранието на Република Македонија, како и претседател на Комисијата за финансирање и буџет, и член или заменик член на неколку комисии.
Тој беше и претседател на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентите на Република Исланд и Кралството Норвешка, како и член на Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Италија и на Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на земјите од Латинска Америка и од Карибите.
ИЗВОРИ
Веб-сајт на Собрание на Република Македонија – Пратенички состав 2014-2018 – Марјанчо Николов
Прирачник за Парламентарни избори во Република Македонија 2014 година на Фондацијата „Конрад Аденауер“ и на Институтот за демократија „Societas Civilis“ – Скопје
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар