Медицинските работници кои го вакцинираа населението не се злосторници

Фото: Принтскрин видео

Здравствените работници кои во објавата се нарекуваат злосторници, се истите оние кои  во екот на пандемијата работеа во две смени за да постигнат да ги вакцинираат сите заинтересирани граѓани, а со тоа и да ги заштитат од самиот вирус. Тие се нарекуваат злосторници само затоа што вакцинирале лица кои своеволно дошле да се имунизираат! Вакцинацијата не е задолжителна, се врши врз база на сопствена волја, а вакцините се безбедни. Според Европската агенција за лекови (ЕМА), безбедноста на вакцините против ковид-19 е постојано набљудувана и евалуирана и вакцините се безбедни и ефективни, додека сериозни безбедносни проблеми се екстремно ретки.

Здравствените работници кои во објавата се нарекуваат злосторници, се истите оние кои  во екот на пандемијата работеа во две смени за да постигнат да ги вакцинираат сите заинтересирани граѓани, а со тоа и да ги заштитат од самиот вирус. Тие се нарекуваат злосторници само затоа што вакцинирале лица кои своеволно дошле да се имунизираат! Вакцинацијата не е задолжителна, се врши врз база на сопствена волја, а вакцините се безбедни. Според Европската агенција за лекови (ЕМА), безбедноста на вакцините против ковид-19 е постојано набљудувана и евалуирана и вакцините се безбедни и ефективни, додека сериозни безбедносни проблеми се екстремно ретки

 

 

Фејсбук објава ги нарекува злосторници медицинските работници, кои работеа на пунктовите за вакцинација против ковид-19. Во рамките на постот е објавено видео од медицинските работници кои работеа во спортската сала „Борис Трајковски“, која пред една година беше претворена во најголемиот пункт за вакцинација против ковид-19.

На видеото се прикажани неколкумина медицински работници, меѓу кои и доктори, како пеат песна која вели „вакцина вакцина, вакцина за тебе и мене е спас“, но текстот на објавата тврди дека тие се злосторници и ги нарекува со уште еден куп други погрдни зборови:

ВАКА се пееше и играше во името на науката.

Да се потсетиме на РЕТАРДИТЕ – злосторници во бели мантили.

Доколку некој има информации за КРЕТЕНИТЕ од видеово

нека ми прати во инбокс.

Ке ги промовираме со име и презиме.

(не се забораени тие кои јавно промовираа инјектирање. редовно ке бидат потсетувани за нивното злосторство).

Видеото е, всушност, снимано во април минатата година и станува збор за песната „Вакцина“ од Александар Митевски и Драган Спасов – Дац, како дел од позитивната кампања за охрабрување на граѓаните да се имунизираат.

Здравствените работници кои во објавата се нарекуваат злосторници, се истите оние кои  во екот на пандемијата работеа во две смени за да постигнат да ги вакцинираат сите заинтересирани граѓани, а со тоа и да ги заштитат од самиот вирус. Дел од нив со саати работеа во целосна заштитна опрема и скафандери, а одеа и по домовите на оние граѓани кои не можеа да пристигнат до пунктовите за вакцинација. Работеа пожртвувано, љубезно и професионално, а со цел побрза заштита на населението.

Освен што некоректно и неточно се нарекуваат злосторници, а за нив се употребени и погрдни зборови, во објавата се бараат повеќе информации за медицинските лица кои се гледаат на видеото за да може директно, со име и презиме, да бидат јавно прозвани и линчувани на социјалните мрежи од антиваксерската заедница.

А, се нарекуваат злосторници само затоа што вакцинирале лица кои своеволно дошле да се имунизираат! Вакцините се безбедни, а вакцинацијата се врши врз база на сопствена волја. Според тоа, никој нема законска основа да може да ве присили да се вакцинирате против ковид-19. Па така здравствените работници никого со сила не натерале да се вакцинира за да се нарекуваат злосторници. За да бидат злосторници, мора да постои кривично дело, а такво нешто во случајот нема.

Според страницата на ЕМА, безбедноста на вакцините против ковид-19 е постојано набљудувана и евалуирана и вакцините се безбедни и ефективни, додека сериозни безбедносни проблеми се екстремно ретки.

Центарот за контрола и превенција на болести на САД, објаснува дека повеќе неопходни чекори мора да бидат преземени секојпат кога ќе ѝ се презентира нова вакцина на генералната популација. Овие чекори вклучуваат развој на вакцината, клинички тестирања, одобренија од официјални медицински агенции, производство и дистрибуција.

Тие, исто како и кои било други вакцини и лекови, можно е да имаат одредени нус појави, но сепак, таквите реакции се премногу ретки. Од американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) велат дека ризикот од ковид-19 и неговите компликации е далеку поголем од ризикот од вакцините и нивните несакани ефекти. Познатите ризици од ковид-19 и неговите компликации, како долготрајни здравствени проблеми и смрт, надалеку натежнуваат над потенцијалните ризици да се има ретка несакана реакција од вакцината.

Студија од регионалната канцеларија на СЗО за Европа, заедно со Европскиот центар за контрола и превенција на болести, обзнани проценка, дека од почетокот на вакциналната кампања од декември 2020 година до ноември 2021 година, биле спасени 470 илјади животи во 33 држави ширум европскиот регион и тоа само кај лицата повозрасни од 60 години.

Според сите научни студии вакцината прорив коронавирусот докажано штити од тешки форми на болеста и смрт.

Болеста ковид-19 е сериозна и се покажа како многу непредвидлива, затоа и прогнозите околу тоа како ќе се развива натаму пандемијата се многу внимателни. А ваквите антивкасерски движења со невистините кои ги пласираат и повиците за линч кон лицата кои помогнаа да се спасат стотици животи, освен што прават огромна штета по јавното здравје, се опасни и шират говор на омраза.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција