Медиумите во Косово за време на Koвид 19 генерално коректни – дезинфо на социјалните мрежи

Фото: META

За време на пандемија, медиумите и традиционалните и онлајн беа коректни во известувањето, со неколку исклучоци. Сепак нивното известување може да се подели во две фази. До 25 март кога беше изгласана недоверба за Владата на Курти и неколку недели потоа, кога доминантни вести станаа политичките, што остави простор за ширење на манипулациите и дезинформациите преку социјалните мрежи, главно преку Фејсбук

 

Пишува: Дрен Дргури 

За разлика од некои земји во регионот, Владата на Косово не презема никаква правна иницијатива што може да ја услови слободата на новинарите да ја практикуваат својата професија или тоа ќе резултира со зголемена самоцензура. Новинарите во Косово се соочуваат со слични предизвици како во земјите од регионот, меѓутоа, во споредба со соседните земји, Косово продолжува да се рангира подобро од нив во едно рангирање за Индексот на новинарите во однос на слобода на печатот. Исто така, Косово е единствената земја во регионот на Западен Балкан која веќе петта година по ред напредува во извештајот на организацијата „Фридом Хаус“ за демократизација на државите.

За време на пандемија, медиумите во Косово беа коректни во известувањето, со неколку исклучоци. Медиумите се обидоа да га одржат информирано општеството со потврдени информаци кажани од официјални извори. Косовските медиуми почнаа да посветуваат поголемо внимание на КОВИД-19 од времето кога беа регистрирани првите случаи во Албанија. Од март, медиумите во Косово започнаа со известување за вирусот корона. Телевизиите и повеќето онлајн медиуми ги третираа случаите на луѓе погодени од вирусот професионално, почитувајќи ја нивната приватност и ги зачувуваа нивните идентитети.

 Мејнстрим медиумите известуваа правилно во кризата

Првиот случај на Косово беше регистриран на 13 март и оттогаш, сите медиуми ги опфаќаат сите случувања поврзани со вирусот корона.

Покрај интервјуата со експерти од областа, медиумите известуваа конзистентно за потврдените нови случаи со вирусот корона, новите мерки од Владата, состојбата на Клиниката за инфективни болести, предизвиците со кои се соочуваат лекарите, состојбата во општините во кои се појавија случаите на заболени од КОВИД-19.

Во овој период, честопати беше соопштена ситуацијата и во други земји, понекогаш правејќи споредби помеѓу Косово и тие земји.

 Политичка криза и влијанието на медиумското известување

Помалку од две недели по избувнувањето на коронавирусот во Косово, политичката криза се продлабочи кога беше изгласана иницијативата за недоверба во косовското Собрание и Владата на Курти пропадна. Од 25 март, Косово остана со Влада со времена должност. Оттогаш, политичките теми, честопати беа главните теми во косовските медиуми. Случувањата поврзани со новата политичка состојба во земјата по падот на Владата, честопати беа главни вести на денот на телевизија и на онлајн-медиумите, кои влијаеја известувањето за коронавирусoт во различни денови да остане под сенката на политичките случувања. Веста на денот беше често комуникацијатa на претседателот Хашим Тачи со премиерот во оставка, Албин Курти, лидерот на Движењето Самоопределување, победничката партија на изборите во октомври 2019 година.

После, вклучувањето на ЛДК за создавање на новата влада,  разговорите на ЛДК со други политички партии, одбивањето на ДС да формира нова влада, нивното барање нови избори по поминување на пандемијата, декретот на претседателот Тачи за новиот мандат за формирање на новата влада, привремено прекинување на имплементацијата на овој декрет од страна на Уставниот суд на Косово, откако Самоопределување побара да се оценува уставноста на одлуката на претседателот – сите овие случувања влијаеја на медиумите често да им даваат повеќе простор на политичките случувања отколку на новите случаи поврзани со вирусот корона.

Дезинформаци на социјалните медиуми 

Бројни и разновидни дезинформации започнаа да се шират откако се пријави вирусот корона, главно на социјалните медиуми. Во Косово, токму социјалните медиум како Фејсбук, се меѓу главните извори на информации, но и на дезинформациите. Граѓаните беа изложени на низа дезинформации што предизвикаа паника и како резултат на тенденцијата на граѓаните да шират какви било информации што ги прочитале, непроверени и честопати лажни, таквите вести навлегоа во уште поширока публика.

Дезинформации како што се: Децата се имуни на вирусот корона; Постои вакцина против коронавирус; Кинеската влада изгради болница преку ноќ, итн., раширени од косовските граѓани кои немаа свесност за штетата, станаа дел од манипулацијата. Во анализата се претставуваат петте главни дезинформации што беа ширени на албански јазик со голема интерактивност на Фејсбук.

Во овој период, мејнстрим медиумите не беа посветени на борбата против дезинформациите. Политичките случувања влијаеја на просторот за вирусот корона во мејнстрим медиумите да биде ограничен, затоа што фокусот на главните телевизиски емисии беше свртен кон политички теми, додека дури и во онлајн медиумите немаше извештаи или континуирана анализа на дезинформаците кои се ширеа во општеството.

Весниците престанаа да печатат, прејдоа на онлајн 

Коха Диторе и Епока е Ре престанаа да го печатат весникот кога започнаа првите владини мерки. Сепак ги искористија своите дигитални публикации за да продолжат со објавување на весникот. Всушност, сите броеви за време на пандемијата се објавуваат бесплатно на koha.net и epokaere.com. Повеќето новинари работеле од своите домови, но имало многумина кои продолжиле да ја практикуваат својата професија со излегување на терен или работа во канцеларија.

Авторот е предавач на Катедрата за новинарство при Универзитетот во Приштина „Хасан Приштина“

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција