Меѓународна конференција е-Општество.мк: „Демократијата во дигиталната ера: предизвици и можности“

Од 30 ноември до 3 декември оваа година Фондацијата Метаморфозис по 17-ти пат ќе ја организира годишната конференција „е-Општество.мк“ на тема: „Демократијата во дигиталната ера: предизвици и можности“.

Од 30 ноември до 3 декември оваа година Фондацијата Метаморфозис по 17-ти пат ќе ја организира годишната конференција „е-Општество.мк“ на тема: „Демократијата во дигиталната ера: предизвици и можности“.

 

Експерти, активисти, новинари, државни службеници и поддржувачи од регионот на Западен Балкан и пошироко ќе учестуваат на конференцијата „е-Општество.мк“, каде што ќе ги споделат своите ставови и размислувања. На конференцијата ќе се разговара каква е состојбата со демократијата денес, како и за тоа како технологијата ја обликува дефиницијата за добро владеење и граѓанскиот ангажман во современи услови. Тема на дискусија ќе бидат и предизвиците на дигиталната ера со посебен фокус на дезинформациите и безбедноста на интернет.

Со цел промовирање на вредноста на податоците во дигиталната ера, во рамки на конференцијата „е-Oпштество.мк“ ќе се одржи и Хакатон за отворени податоци. Основната цел на Хакатонот е доближување на отворените податоци до сите граѓани и нивно прикажување на едноставен и иновативен начин.

Конференцијата ќе биде во хибриден формат, при што првиот и последниот ден од конференцијата (30 ноември и 3 декември) ќе се одржат во хотелот „Панорамика“. Дел од учесниците ќе имаат можност да ги следат сесиите со физичко присуство, а останатите учесници можат да ги следат online преку платформата ZOOM.

Агендата за настанот може да ја погледнете тука: Агенда- е-Општество.mk 2021.

Сите заинтересирани лица за учество на конференцијата може да се регистрираат на следниов линк.

Првите 40 регистрирани ќе имаат можност физички да присуствуваат на првиот ден од конференцијата (30 ноември) и на последниот ден од конференцијата (3 декември).

Согласно протоколите за ковид-19, за сите учесници задолжително е поседување на еден од задолжителните ковид-19 документи: сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени две дози од вакцината против заразната болест ковид-19 или сертификат/потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција