Меѓународната мрежа за проверка на факти ќе помага да се следат дезинформациите за војната во Украина

Дезинформациите се алатка за агресија и се користат во голема мера овие денови, а храбрите проверувачи на факти во Украина продолжуваат да се борат против манипулациите и лагите насочени кон суверенитетот на нивната земја, се вели во соопштението испратено до надлежните проверувачи на факти низ светот, меѓу кои и до „Вистиномер“

Меѓународната мрежа за проверка на факти, со својот персонал и со заедницата на проверувачи на факти ширум светот, изразува солидарност со украинскиот народ и подготвеност да помогне, а со цел да се спречат манипулациите и дезинформациите за војната што Русија денеска ја започна во Украина.

Несомнено ова е еден од најтемните денови за Украинците. Силно ја осудуваме агресијата врз народот на Украина и се солидаризираме со двата потврдени потписници од Украина за проверка на факти, VoxUkraine и Stop fake. Дезинформациите се алатка за агресија и се користат во голема мера овие денови, а храбрите проверувачи на факти во Украина продолжуваат да се борат против манипулациите и лагите насочени кон суверенитетот на нивната земја, се вели во соопштението испратено до надлежните проверувачи на факти низ светот, меѓу кои и до „Вистиномер“.

Вистиномер е сертифициран потписник на Кодексот на принципи усвоен од страна на Меѓународната мрежа за проверка на факти.

Меѓународната мрежа ги повикува новинарите, репортерите и набљудувачите да ги следат VoxUkraine и Stop Fake, пред да споделат непроверени информации поврзани со конфликтот.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција