Меркел не била платена да ја посети земјава, УСАИД не го платил престојот на Стилер во Украина

Заев, Меркел и Џафери, 8 септември 2018 (Фото. Собрание на РСМ)

Тоа што германската канцеларка во тоа време Ангела Меркел, пак, дојде во Македонија пред референдумот, исто така нема никаква врска со УСАИД. УСАИД е американска програма, а не германска а Меркел во Македонија пред референдумот дојде како државник на Германија што на никаков начин не е спонзорирано од УСАИД ниту пак од било кој друг. Работа на канцеларката е да остварува официјални државнички средби каква што беше таа во земјава пред референдумот, на која Меркел рече дека крајниот збор ќе го кажат граѓаните.

Тоа што германската канцеларка во тоа време Ангела Меркел дојде во Македонија пред референдумот во 2018 нема никаква врска со УСАИД. УСАИД е американска програма, а не германска. Меркел во Македонија пред референдумот дојде како државник на Германија што на никаков начин не е спонзорирано од УСАИД ниту пак од било кој друг

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

4 милиони долари од УСАИД за Бен Стилер за да го сними Рамбо 8 со Зеленски! Се сеќавам за Референдумот Ангела Меркел долета во Скопје да промовира бришење на Македонија за многу помалку.
Наспроти изнесеното во објавата дека „УСАИД му дале 4 милиони долари на Бен Стилер да оди во Украина“, самиот Стилер на „Икс“ го негираше тоа. Во објавата што ја рецензираме не се нуди доказ дека на Стилер му платиле 4 милиони долари од УСАИД за да патува во Украина.
Ова се лаги кои доаѓаат од руските медиуми. Комплетно сам го платив моето хуманитарно патување во Украина. Немаше финансирање од УСАИД и дефинитивно никакво плаќање за тоа. Сто проценти лага, напиша Стилер. 
Стилер патуваше во Украина во јуни 2022 година како амбасадор на добра волја за одбележување на Светскиот ден на бегалците. Но нема никаков доказ дека УСАИД или било која друга американска група му платила, пишува Форбс.

Како што пишуваат проверувачите на „Малдита“ од Шпанија, дезинформацијата за Бен Стилер и 4 милиони долари наводно платени од УСАИД во само еден пост на „Икс“ ја виделе над 15 милиони луѓе. Истата фотографија ја има и во склоп на објавата што ја рецензираме, и таа е веродостојна, од средбата на Стилер и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Тоа што германската канцеларка во тоа време Ангела Меркел, пак, дојде во Македонија пред референдумот за промена на уставното име и членство во НАТО и ЕУ, исто така нема никаква врска со УСАИД. УСАИД е американска програма, а не германска. Меркел во Македонија пред референдумот дојде како државник на Германија што на никаков начин не е спонзорирано од УСАИД.

Поконкретно, во објавата што ја рецензираме се споменува посетата на Меркел од 8 септември 2018 година, кога германската канцеларка дојде во прва официјална посета на Македонија, токму на државниот празник – Денот на независноста. Во своето обраќање до јавноста ја нагласи важноста на моментот, можноста за влез во НАТО и ЕУ и успешноста на референдумот.

Не сакам да се мешам во одлуката на вашите граѓани, но од сопствено искуство можам да кажам дека ова е историска шанса. Шанса која една генерација ја има само еднаш. Овој 30 септември е историски ден. Не останувајте на ваков историски ден дома, искористете ја вашата демократска можност да го кажете она што го мислите за иднината на вашата земја,  е пораката која таа ја испрати до македонската јавност тогаш. 

Меркел со оглед на тоа што дојде во официјална посета на Македонија, во тоа време имаше средба со тогашниот премиер Зоран Заев и со тогашниот претседател на опозицијата Христијан Мицкоски. Средбата со Заев беше во владата, како што е протоколот и како што доликува за официјална средба, а не за некаква посета поврзана со УСАИД. Меркел во посетата беше децидна дека никој не им се заканува на граѓаните со изолација доколку референдумот не успее и нагласи дека „сега не се занимаваме со тоа што ако не успее, туку се залагаме референдумот да биде успешен“.

Доколку има позитивен исход од референдумот иднината би можела да биде да станете земја членка на НАТО и дел од семејството на ЕУ. За тоа мора да се исполнат некои предуслови. Постоеше спор меѓу Грција и вашата земја и мораше да се најде и решение инаку немаше да има согласност за членство и затоа прашањето за името и прашањето за членството во НАТО и ЕУ се многу тесно поврзани едно со друго. Без решение на ова не може да има членство во ЕУ и во НАТО. И затоа овие две прашања се тесно поврзани,  рече Меркел.

Наспроти изнесеното во објавата, нема никакви докази дека УСАИД ѝ платил на Меркел за официјална посета на Македонија и самото тоа е бесмислено, со оглед на тоа што се работи за политичарка која во тоа време беше канцеларка на Германија и официјалните посети ѝ спаѓаа во делокругот на работата за развивање на надворешната политика. Меркел во своите изјави при доаѓањето во земјава првенствено истакна дека одлуката на референдумот е на граѓаните.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција