Михаил Цветков
М-р Михаил Цветков е министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
ПРИВАТЕН ЖИВОТ
Михаил Цветков е роден на 24 ноември 1954 година, во Кратово. По националност е Македонец.
ОБРАЗОВАНИЕ
Во 1980 година дипломирал на Машинскиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје и се стекнал со звањето Дипломиран машински инженер.
Во 2014 година одбранил магистерска теза од роботиката на Институт за автоматика и системско инженерство на Факултет за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) и се стекнал со звањето магистер по роботика.
Покрај мајчиниот македонски, зборува и англиски јазик.
КАРИЕРА
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, февруари 2013 – јуни 2014 година;
Директор на ЈП ХС „Злетовица“- Пробиштип, 2012–2013 година;
Директор на Проект „Наводнување на јужната долина на реката Вардар“- фаза 2, 1990 – 2011 година;
Заменик генерален директор за технички прашања во „Силекс“ – Кратово, 1986 – 1989 година;
Директор – Индустриска зона „Крива река“- Кратово, 1982 – 1985 година;
Директор – Фабрика „Силпен“ – Кратово, 1980 –1981 година;
Раководител на одржување – Фабрика “Силпен“ – Кратово.
ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА
Од јуни 2014 година Михаил Цветков е министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Тој е потпретседател на Социјалистичката партија на Македонија.
ИЗВОРИ
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – Министер
Социјалистичка партија на Македонија – Потпретседатели
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар