Михајло Маневски

 

Михајло Маневски, министер за правда на Република Македонија од 2006 до 2011 година. Тој е единствениот министер во владите на ВМРО-ДПМНЕ предводени од Никола Груевски кој бил министер и во времето на социјализмот.

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Михајло Маневски, е роден на 24 декември 1937 година во Башино Село, општина Велес, во тогашното Кралство Југославија. Женет е за Филимена Маневска, поранешна долгогодишна судијка, како и советничка на претседателот Ѓорге Иванов.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1960 година.

 

КАРИЕРА

Во Јавното обвинителство на Република Македонија работи повеќе од 28 години. Бил заменик Околиски јавен обвинител во Штип, Јавен Обвинител во Основното јавно обвинителство во Велес, а од 1966 до 1976 година бил заменик на Окружниот Јавен обвинител во Скопје.

Оод 1976 до 1984 година е Заменик на Јавниот обвинител на Република Македонија;

Од 1984 до 1986 година бил Претседател на Окружниот суд во Скопје;

Во 1986 година е избран за Член на Извршниот Совет на Социјалистичка Република Македонија (тогашната Влада) и бил Секретар, односно министер, за правосудство и управа. Функцијата ја извршува до 1991 година;

Од 1994 до 2000 година е републички советник во Владата на Република Македонија;

Во 2000 година е именуван за Заменик на Јавниот обвинител на Република Македонија;

Во 2002 година е избран за Член на Државната комисија за спречување на корупцијата, а во декември 2005 година е избран за претседател на Државната комисија.

Во август 2006 година е избран за  министер за правда во Владата на Република Македонија, а на таа функција останал се до истекот на мандатот на владата во јули 2011 година.

 

Бомбите

Од позиција министер за правда Маневски во „бомбите“ е инволвиран при избор на член на Судскиот совет во координација со министерката за внатрешни работи. Во разговорите има индиции за партиско влијание врз назначувањето и изборот на кадрите во Правосудниот систем, како и злоупотреба на службена положба од позиција на моќ.

СЈО нема покренато обвинение против Михајло Маневски.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија (BTD – The Balkan Trust for Democracy), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, NED или BTD.

Оставете реакција