Мила Царовска
Министерка за труд и социјална политика во Владата на РМ предводена од Зоран Заев од 2017 година
ПРИВАТЕН ЖИВОТ
– Родена е на 06.05.1984 во Скопје. Нема податоци во официјалната биографија за нејзината семејна состојба
ОБРАЗОВАНИЕ
-Таа по образование е социјален работник. Факултетското образование го има стекнато во Скопје на Студиите Социјална работа и социјална политика при соодветниот Институт, при Универзитетот Св. Кирил и Методиј (УКИМ), од 2002 до 2006 година. Сега е на постипломски студии, исто така на УКИМ, од областа на јавното здравје.
-Има работено како експерт по родови прашања во повеќе проекти на домашни и на меѓународни организации.
КАРИЕРА
-Од 2005-2015 г. работи на позицијата Програмски координатор во невладината организација ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување
-Од крајот на 2015 до средината на 2016 година е Специјален советник на Министерката за труд и социјална полтика Фросина Ременска, која беше техничка министерка согласно Измените во Законот за Влада, направени согласно Договорот од Пржино
ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА
-Член на ИО на СДСМ и Претседателка на Комисијата за труд и Социјална политика, пред последниот конгрес оддржан на 27.05.2017 г.
-Министер кој ќе го раководи Министерството за труд и социјална политика во Владата на премиерот Зоран Заев е избрана на 31.05.2017
ИЗВОРИ:
-Собрание на РМ –Предлог за состав на Влада на РМ
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар