Миликије Халими
Миликије Халими е градоначалничка на Општина Арачиново
ПРИВАТЕН ЖИВОТ
Миликије Халими е родена во Арачиново, каде што живее со своето семејство. Омажена за Агрон и мајка на две деца, ќерката Диелза и синот Донит.
ОВРАЗОВАНИЕ
Основното образование го завршила во училиштето Ѓерѓ Кастриоти – Скендербег во 1995 година, а средното образование во Медицинскиот центар во Тетово, Никола Штејн (1996-2000 година). По завршување на средното образование се запишала на Педагошкиот факултет, каде дипломирала во 2006 година.
Покрај формалното образование, завршила многу курсеви и обуки од меѓународни институции во различни области, но со посебен акцент на улогата и придонесот на жените во развојот на општеството.
КАРИЕРА
До доаѓањето на градоначалничката функција Халими немала никакви политички амбиции и не се занимавала со политика.
Професионалната кариера главно ѝ е поврзана со приватниот сектор, како дел од тимот во аптеката „Зегин“ во населбата Маџари, Скопје.
Таа е првата жена градоначалник во Општина Арачиново, а на функцијата беше избрана на локалните избори во октомври 2017 година уште во првиот круг.
ИЗВОР:
- Веб страница на Општина Арачиново: Градоначалник
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар