Минималната плата ќе се зголеми на 750 евра во Хрватска, не во С. Македонија
Објавата намерно е пласирана без да открие за која држава станува збор со цел да привлече што е можно повеќе интеракции. Во тоа секако помага и фотографијата на која се гледаат денари, валута која се користи во С. Македонија. Оттука и голем дел од следбениците кои ја виделле, помислиле дека станува збор за нашата држава, без притоа да ја отворат веста
Објавата намерно е пласирана без да открие за која држава станува збор со цел да привлече што е можно повеќе интеракции. Во тоа секако помага и фотографијата на која се гледаат денари, валута која се користи во С. Македонија. Оттука и голем дел од следбениците кои ја виделле, помислиле дека станува збор за нашата држава, без притоа да ја отворат веста
Анализираме објава на Фејсбук која бомбастично најавува дека од 1 јануари ќе се зголеми минималната плата.
Од први јануари платата на минималецот ќе изнесува 750 евра, стои во објавата.
Објавата не прецизира за која држава станува збор, но од фотографијата, на која се прикажани денари, логично е да се помисли дека станува збор за Северна Македонија.

Објавата е доста вирална и има преку 600 реакции, повеќе од 160 коментари и над 70 споделувања.
Дека минималната плата од 1 јануари ќе се зголеми во С. Македонија, помислиле и голем дел од оние кои ја виделе објавата, што може да се забележи од коментарите под неа.

Но, објавата споделува напис кој кога ќе го отворите, ќе видите дека станува збор за вест којашто се однесува на Хрватска, а не на С. Македонија.
Висината на минималната нето плата во Хрватска од 1 јануари следната година ќе се зголеми за околу 80 евра, од сегашните 670 на 750 евра, што претставува зголемување од 15%, одлучи хрватската влада, стои во правата реченица од веста.
Но објавата намерно е пласирана без да открие за која држава станува збор со цел да привлече што е можно повеќе интеракции. Во тоа секако помага и фотографијата на која се гледаат денари, валута која се користи во С. Македонија. Оттука и голем дел од седбениците кои ја виделле, помислиле дека станува збор за нашата држава, без притоа да ја отворат веста.
Познато е дека многу луѓе не ги читаат целосно вестите или насловите и реагираат и се информираат од она што првично ќе го видат во фејсбук објавите. Поради тоа, потребно е медиумите да прецизираат на што точно се мисли кога ги пласираат вестите, а не да ги наведуваат луѓето во погрешен правец. Од друга страна, следбениците на социјалните мрежи треба да ги читаат целосните вести пред да носaт заклучоци.
Поради сето погоре, оценуваме дека на објавата што ја анализираме ѝ недостига контекст.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар