Министерка за здравство на Шведска се онесвести поради хипогликемија, а не поради вакцини
Антиваксерска објава во која се тврди дека онесвестувањето на Лан било поради примени вакцини беше демантирана од самата министерка која појасни дека имала пад на вредностите на шеќер во крвта, односно хипогликемија, комбинирано со пренапорна работна агенда во тој ден
Антиваксерска објава во која се тврди дека онесвестувањето на Лан било поради примени вакцини беше демантирана од самата министерка која појасни дека имала пад на вредностите на шеќер во крвта, односно хипогликемија, комбинирано со пренапорна работна агенда во тој ден
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео и повеќе симболи од вакцинални шприцови и пишува:
Švedska ministerka 💉💉💉
Дека онесвестувањето на Лан нема никаква поврзаност со вакцините како што невистинито се посочува во објавата што ја рецензираме, покажува тоа што таа самата се врати во просторијата и изјави:
Ова може да ви се случи кога ќе имате пад на шеќерот во крвта, објасни таа самата, а пренесе Еурактив.
На видеото кое што е објавено на јавниот сервис на Шведска СВТ може да се види секвенца од говорот што Лан го држи откако состојбата ѝ се подобрила после онесвестувањето, односно дека таа се вратила во салата во која што ја држела прес-конференцијата и самата споделила со присутните дека она што се случило е резултат на пад во шеќерот во крвта.
Потоа министерката рече дека има низок шеќер во крвта: Ова не беше баш нормален вторник, а ова може да се случи кога имате низок шеќер во крвта, вели таа како што пренесува СВТ.
Американската асоцијација за дијабетес е само една од бројните здравствени здруженија на експерти кои наведуваат дека хипогликемијата претставува состојба во која нивото на шеќер во крвта опаѓа на опасно ниско ниво, што доведува до симптоми како конфузија и губење на свеста.
Гликозата, како што наведуваат експертите од реномираната Мајо Клиника, е главниот извор на енергија во телото и честопати е поврзана со третман на дијабетесот. Но многу други причинители може да предизвикаат ниско ниво на шеќер во крвта дури и кај луѓе што немаат дијабатес.
Третманот вклучува брзо враќање на шеќерот во нормалната вредност со јадење на храна што содржи шеќер или со лекови, наведуваат од Мајо клиниката.
Вакцините воопшто не биле тема на министерката
Дека објавата е антиваксерска покажува и фактот дека дента кога беше промовирана на новата функција, министерка за здравство воопшто не дискутираше за вакцините, туку она кое што претставува проблем во Шведска – долгите листи на чекање за медиицинска услуга.
Таа, моменти пред да се онесвести, на новинарите им зборуваше дека Шведска има добар здравствен систем од аспект на квалитетот, но главниот проблем се долгите временски периоди на чекање. Таа, исто така, ги обзнани намерите да се засили владината контрола врз здравствениот систем во обид да ги намали редиците за чекање.
Неколку денови подоцна таа објаснила за СВТ дека лошо јадела и лошо спиела пред прес-конференцијата, а распоредот и бил интензивен.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар