Министерот Таравари не бил на одмор

Антонијо Милошоски, Светлана Колариќ Фото: Колаж принтскрин

Настрана што е нејасно зошто би било спорно доколку некој министер отиде на одмор или на викенд (!), ваквата изјава на претставничката на ВМРО-ДПМНЕ (член на ИК) Светлана Колариќ („Таρаваρи се сонча по моρсκите плажи“), се покажа како невистинита

 

Светлана Колариќ, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на 13.08.2017 година во изјава за медиумите, меѓу другото, кажа:

Луѓето  умиρаат, а Таρаваρи се сонча по моρсκите плажи…

[Извор: веб – страница на ВМРО-ДПМНЕ, Датум: 13.08.2017]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Настрана што е нејасно зошто би било спорно доколку некој министер отиде на одмор или на викенд (!), ваквата изјава на претставничката на ВМРО-ДПМНЕ (член на ИК)  Светлана Колариќ („Таρаваρи се сонча по моρсκите плажи“), се покажа како невистинита.

Набрзо по нејзиниот настап, министерот Таравари одговори преку својот профил на „Фејсбук“ и негираше дека бил на одмор:

Здраво ВМРО,

Тука сум, во Гостивар и во Скопје, секој ден на работа, ниту еден единствен ден не сум бил на одмор, само за ваша информација…

 

taravari 1

Но, по  оваа објава на Таравари, пратеникот Антонијо Милошоски на „Твитер“ напиша:

#ЗдравоТаравари не е проблем што си бил на одмор, проблем е што го лажеш народот!

А во прилог на ваквото тврдње овјави и принтскрин од  ФБ објава на Таравари од 11 август, со фотографија на која се прикажани со синот на плажа.

milososki

На ова имаше нова реакција од  министерот Таравари во која тој кажува дека фотографијата е стара, направена пред една година и притоа го посочува  линкот до фотографијата, каде што се гледа дека  на ФБ е објавена на  17.08.2016 година:

17.08.2016, Несебар, Булгарија
Ако баба лаже, трап не лаже…

P S.
Здраво Антонио Милошоски, не е ниту сечено, ниту прилепено, ниту монтирано…да сум на твоје место јавно би се извинил, народот не заслужува да го лажеш и да го изманипулираш…

taravari 2

Инаку, на „Фејсбук“ профилот на Травари може да се види дека тој на 11.08.2017 година навистина ја постирал споменатата фотографија од плажа, но тогаш таа е само реобјавена, додека првичното објавување е од лани.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Оливера Војновска

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција