Министерствата за одбрана и за енергетика на САД не го прскаат небото со хемикалии и биолошки агенси

Фото: La Responsable, CC BY-SA 3.0, via Wikimedia Commons

Примерите наведени во објавата што ја анализираме се дел од теорија на заговор која тврди дека кондензациските траги зад авионите се хемиски траги односно „кемтрејлс“. Воздухопловните сили на САД соопштија дека кондензациските траги се составени првенствено од вода (во форма на кристали од мраз) и не претставуваат ризик по здравјето на луѓето, пишува Политфакт. Агенцијата за заштита на животната средина на САД, исто така, ја поби теоријата на заговор за хемиските траги, оттаму за Политфакт изјавиле дека не се запознаени со какво било намерно испуштање на хемикалии или биолошки агенси во атмосферата 

Примерите наведени во објавата што ја анализираме се дел од теорија на заговор која тврди дека кондензациските траги зад авионите се хемиски траги односно „кемтрејлс“. Воздухопловните сили на САД соопштија дека кондензациските траги се составени првенствено од вода (во форма на кристали од мраз) и не претставуваат ризик по здравјето на луѓето, пишува Политфакт. Агенцијата за заштита на животната средина на САД, исто така, ја поби теоријата на заговор за хемиските траги, оттаму за Политфакт изјавиле дека не се запознаени со какво било намерно испуштање на хемикалии или биолошки агенси во атмосферата 

 

Анализираме објава на Фејсбук која вели:

Теорија на заговор ќе ни кажуваат или лажни вести. Поради вакви објави не блокираат оние неработни лагомери што земаат плата за шпионирање.

Објавата споделува видео во кое се шири теорија на заговор дека Министерството за одбрана и Министерството за енергетика на САД го прскаат целото небо на Соединетите Држави со токсичниот напиток од хемикалии и други биолошки агенси. Имено, во видеото е споделен извадок од говорот на Илја Сандра Перлингери во 2010 година на конференција на Правниот факултет во Масачусетс во Андовер. Во видеото, Перлингери тврди дека воените и некои комерцијални авиони „се опремени со огромни буриња со најмалку 49 различни видови документирани хемиски отрови“ и дека емитуваат патогена мувла, габи и вируси како оружје.

За теориите на заговор изнесени во видеото пишувале проверувачите на факти на Политфакт уште во 2022 година.

Воздухопловните сили на САД соопштија дека кондензациските траги се составени првенствено од вода (во форма на кристали од мраз) и не претставуваат ризик по здравјето на луѓето, пишува Политфакт.

Агенцијата за заштита на животната средина на САД, исто така, ја поби теоријата на заговор за хемиските траги. Агенцијата за Политфакт изјавила дека не е запознаена со какво било намерно испуштање на хемикалии или биолошки агенси во атмосферата.

Примерите наведени во објавата што ја анализираме се дел од теорија на заговор која тврди дека кондензациските траги зад авионите се хемиски траги односно „кемтрејлс“.

„Кемтрејлс“ е, всушност, теорија на заговор стара повеќе од две децении. Оваа невистинита теорија, заснована на дезинформации, го претставува верувањето дека вообичаените траги од кондензација што ги создаваат авионите во воздухот се „хемиски патеки“, составени од хемиски или биолошки агенси. Поддржувачите на оваа теорија се убедени дека различни влади, глобалисти и сатанисти, се обидуваат негативно да ѝ влијаат на климата или на човековото здравје со тоа што прскаат токсични хемикалии, со цел да предизвикаат намалување на бројот на жители на планетата, односно геноцид, како што впрочем тврди и објавата која ја анализираме.

Оние кои веруваат во оваа теорија на заговор сметаат дека штом патеката од авионите е подолго време видлива, таа мора да содржи некакви опасни супстанции. Според ваквите верувања, вообичаената трага од авионите треба бргу да се распрсне, па оттаму, облаците кои не исчезнуваат мора да бидат полни со дополнителни, неоткриени супстанции, односно некакви отрови.

За да докаже дека оваа теорија на заговор е неточна и ги измамува луѓето, Форбс објави студија, според која 76 хемичари и научници од Универзитетот Ирвин, Калифорнија, изјавиле дека никогаш не дошле до докази оти постојат големи програми за хемиско прскање од авиони, со цел да се наштети на здравјето на граѓаните и да се влијае на атмосферата. 

Според ова истражување, причината поради која трагите од авионите остануваат видливи е зашто тие летаат на поголеми височини отколку порано, што резултира со кондензациски траги, кои траат подолго време. Тоа што трагите од авионите се вкрстуваат е само и единствено доказ дека има зголемена фреквентност на авиосообраќајот, односно дека има многу повеќе авиони, кои учествуваат во авиосообраќајот, што е и примарната причина некои од нив да мораат да летаат и на поголеми височини.

Луѓето кои ја шират теоријата на заговор за „кемтрејлс“ посочуваат различни наводни цели за хемиските траги, вклучувајќи модификација на времето, тестирање на хемиско или биолошко оружје и манипулирање со цените на акциите со оштетување на посевите. Во видеото што го споделува објавата, Перлингери споменува модификација на времето, а таа теорија ја прифати и Алекс Џонс од InfoWars, кој е познат по ширењето дезинформации.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека објавата која ја анализираме е невистина.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција