Мирен марш во чест на жртвите на пожарот, а не протест против Филипче и Заев

Фото: скриншот од дел од објавата

Марш за оддавање почит кон загинатите во модуларната болница во Тетово  на Фејсбук, преку медиумски напис е претставен невистинито како марш за протест кон Заев и Филипче

Марш за оддавање почит кон загинатите во модуларната болница во Тетово  на Фејсбук, преку медиумски напис е претставен невистинито како марш за протест кон Заев и Филипче

 

 

Рецензираме објава на Фејсбук во које е споделен медиумски напис со наслов ,,Во живо, голем протест против Заев и Филипче во Тетово”.

Во текстот не се споменува ниту премиерот Зоран Заев, ниту министерот во оставка Венко Филипче, туку се најавува мирен марш најавен на социјалните мрежи, организиран од членови на навивачката група „Балисти“.

Маршот почнал од плоштадот „Илирија“ а завршил пред тетовската болница, каде на 8 септември годинава, изби пожар во кој животот во модуларната болница го загубија 14 граѓани.

 

Во текстот нема она што го има во насловот

Навивачката група „Балисти“ за денеска најави марш во чест на жртвите од пожарот во ковид центарот во Тетово. Маршот, како што е најавено на социјалните мрежи, ќе биде мирен и ќе започне од плоштадот Илирија и ќе заврши пред болницата во Тетово, пишува во текстот.

Кога ќе се погледнат изјавите на претставниците на маршот, се гледа дека тие воопшто не сакаат, односно одбиваат да дадат политичка изјава. Нивниот марш е за почит на загинатите. Маршот бил мирен, без скандирања, а во чест на жртвите на пожарот кој одзема 14 животи, засадени биле и 14 дрвца.

Дај Боже ова да биде последно што се случува во Тетово. Ова е мирен марш. Го изразивме револтот за она што се случи во болницата, но на мирен начин. Дај Боже ова да биде последно и никогаш да не се повтори. Бараме одговорност. Не се занимаваме со оставки и политики, ние сме навивачка група. Благодарам, изјави Башким Идризи, претставник од навивачката група Балисти. 

Неговата изјава може да се проследи во овој новинарски прилог од 2 минута и 18 секунда до 2 минута и 32 секунда.

И во друг новинарски извештај наведено е дека претставникот на маршот Идризи потенцирал дека маршот не е протест и не е политички, како што сугерира насловот на постот кој го рецензираме.

Ние сме навивачи, ова не е протест, не е политички мотивиран, туку само мирен марш за почит кон загинатите во пожарот, изјави Башким Идризи од навивачката група „Балисти”.

Навивачката група организатор на маршот е поддржувач на клубот Шкендија. Тие и во најавата не сугерираат дека ќе протестираат, туку го најавуваат маршот како мирен и во чест на загинатите жртви на пожарот. 

 

Марш без скандирање

Видео материјалот од маршот покажува дека нема никакви скандирања, туку само почит, едноминутен молк, положување цвеќе и мирна атмосфера на маршот, каде што се изразува сочувство за загинатите.

Поради сето горе наведено, оценуваме дека не е вистина дека овој марш е протест против Заев и Филипче, како што сугерира насловот на постот кој го рецензираме.

 

 

 

 

 


Овој напис е изработен во рамките на проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција