Мит е дека се произведува и продава пластичен ориз

Фото: Image by ImageParty from Pixabay

Не постојат докази дека се произведува пластичен ориз. Постои вештачки ориз, не не и пластичен. Вештачкиот ориз е зрнест производ направен да личи на ориз. Обично се прави од скршен ориз, понекогаш со додавање на други житарки и често збогатен со микронутриенти, вклучувајќи минерали, како што се железо и цинк, и витамини, како што се витамин А и витамин Б. Првично дезинформацијата за пластичен ориз се појавила во Кина од 2010 година. Пластиката би била поскапа од самиот ориз, пишува Би-би-си

Не постојат докази дека се произведува пластичен ориз. Постои вештачки ориз, не не и пластичен. Вештачкиот ориз е зрнест производ направен да личи на ориз. Обично се прави од скршен ориз, понекогаш со додавање на други житарки и често збогатен со микронутриенти, вклучувајќи минерали, како што се железо и цинк, и витамини, како што се витамин А и витамин Б. Првично дезинформацијата за пластичен ориз се појавила во Кина од 2010 година. Пластиката би била поскапа од самиот ориз, пишува Би-би-си

 

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која тврди дека постои пластичен ориз и притоа објаснува како тој да се разликува од обичниот ориз.

Вистински или пластичен ориз.
Како да ги распознаете?
1. Тест со вода:
Ставете една лажица ориз во чаша ладна вода. Вистинскиот ориз ќе потоне на дното поради неговата густина, додека пластичниот ориз ќе лебди.
2. Тест со оган:
Изгорете неколку зрна ориз со запалка или кибрит. Природниот ориз ќе јаглениса и ќе мириса на изгорено зрно, додека пластичниот ориз ќе испушта силен пластичен мирис.
3. Тест со мувла:
Сварете мала количина ориз и оставете го на топло место неколку дена. Природниот ориз ќе развие мувла бидејќи е органски, додека пластичниот ориз ќе остане непроменет.
4. Тест со врело масло:
Истурете неколку зрна ориз во врело масло. Природниот ориз ќе се свари и може малку да пукне, но пластичниот ориз ќе се стопи и ќе формира леплив остаток.
5. Тест со вриење:
Внимавајте на водата додека готвите оризот. Пластичниот ориз често остава густа, слична на лепак остатоци на површината, додека природниот ориз произведува скробна течност.
6. Тест со толчник:
Здробете неколку зрна ориз со толчник. Вистинскиот ориз се претвора во фин прав, додека пластичниот ориз може да остави леплив или необичен остаток.
Овие брзи и лесни тестови можат да ви помогнат да го обезбедите квалитетот на оризот што го консумирате, заштитувајќи го вашето здравје, стои во објавата.

Не постојат докази дека се произведува пластичен ориз. Постои вештачки ориз, за што Вистиномер веќе има пишувано, не не и пластичен. Ова видео, на пример, покажува машина за производство на пластични гранули за рециклирање, но е насловено како да станува збор за производство на пластичен ориз.

Вештачкиот ориз е зрнест производ направен да личи на ориз. Обично се прави од скршен ориз, понекогаш со додавање на други житарки и често збогатен со микронутриенти, вклучувајќи минерали, како што се железо и цинк, и витамини, како што се витамин А и витамин Б.

Би Би Си во 2017 година објави текст со наслов„Зошто луѓето веруваат во митот за пластичен ориз“:

И покрај штурите докази дека станува збор за широко распространет проблем, гласините за пластичен ориз што се продава во Африка и во други држави опстојуваат на социјалните мрежи, претежно промовирани преку вирални видеоматеријали кои прикажуваат оризови топчиња, наведува Би-би-си.

 

Би-би-си пишува дека гласините почнале во Сенегал, Гамбија и Гана и достигнале врв кога Агенцијата за храна и лекови на Гана решила да спроведе истрага за тоа дали навистина има пластичен ориз на пазарот. Од примероците доставени од производителите на ориз за кои имало сомнеж дека се направени од пластика, немало ниеден за кој тоа се потврдило на пазарот во Гана.

Написот на Би-би-си објаснува дека првично дезинформацијата за пластичен ориз се појавила во Кина од 2010 година, поконкретно дека пластичен ориз се произведувал и се мешал со вистинскиот и дека така е доставува на пазарите на продажба до консументите.

Во еден случај фирмите продавале вообичаен ориз како висококласен. Потоа во 2011 година се појавиле извештаи дека оризот бил произведуван и мешан со компири и индустриска леплива смола.

Но, во ниеден момент немаше потврдени случаи на големи количини на пластични честички да се продаваат како ориз. Пластиката би била поскапа од самиот ориз, пишува Би-би-си.

И проверувачите на факти на Сноупс пишуваат дека станува збор за дезинформација.

Од појавата на гласините за пластичен ориз од 2011 година, не успеавме да најдеме докажани извештаи пласирани од кого било за пластичен ориз во која било од државите каде овие гласини се појавија. Во еден случај жена од Индонезија се разболела, па базирано на гласините претпоставила дека пластичниот ориз е виновникот за тоа. Неколку производи потоа беа тестирани дополнително и се откри дека конкретниот ориз не е пластичен туку само бил збогатенпишуваат проверувачите на факти од Сноупс.

Од сите горенаведени факти оценуваме дека нема докази за производство на пластичен ориз. Првично дезинформацијата за пластичен ориз се појавила во Кина од 2010 година. Пластиката би била поскапа од самиот ориз, пишува Би-би-си. Поради тоа, објавата ја оценуваме како невистинита.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција