Митко Јанчев

 

Митко Јанчев  е градоначалник на Општина Кавадарци

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Митко Јанчев е роден на 01.11.1981 година. Сопруг на Веселка и татко на три деца: Никола, Стојанче и Мила.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Тој е дипломиран инженер-геолог на Универзитетот „Гоце Делчев” Штип, а магистерските студии на истиот ги завршува на отсекот на техничките науки, петрологија, минералогија и геохемија.

 

КАРИЕРА

Јанчев е сопственик и управител на ДПТУ „Кожувчанка“ од Кавадарци, првата приватна компанија за производство на вода во Македонија. Функцијата управител ја презел во 2004 година – на 23 годишна возраст, по ненадејната смрт на неговиот татко кој бил основач на компанијата. Во своето 13 годишно раководење со компанијата воведува нови современи стандарди во развојот на фирмата, а компанијата го привлекла  светски познатиот бренд „Синалко“ од Германија.

Митко Јанчев е член на управниот одбор на Стопанската комора на Република Македонија, како и претседател на Регионалната Стопанска комора- Кавадарци.

Јанчев ја основал и противпожарната служба во градот.

Донирал  во образованието, а  еден од поголемите проекти е донација за реконструкција на ОУ „Димката Ангелов -Габерот“ во Кавадарци.

Тој  е поддржувач на голем број спортски настани и  клубови.  Дава особен придонес низ спортот во  Кавадрци преку 10 годишната финансиска поддршка на КК „Фени Индустри“, Џудо клубот „ Кожувчанка“, низата фудбалски клубови во Кавадарци, ГРК Тиквеш и  други.

Јанчев бил претседател на иницијативниот одбор за изградба на соборната црква „Света Петка” во Кавадарци  и е еден од  донаторите.

 

На локалните избори во октомври  2017 година е избран градоначалник на Општина Кавадарци.

 

ИЗВОРИ:

Веб-страница на Општина Кавадарци: Градоначалник/Биографија

Википедија: Митко Јанчев

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција