Младинскиот центар во Желино почна да се гради пред избори

Фото:Oпштина Желино

Во предизборната програма на сегашниот градоначалник на Општина Желино, Блерим Сејдиу, во делот Mлади и спорт (стр.3), е дадено ветување за формирање на младински центар во рамките на општината. Културниот дом во рамките на кој треба да функционира и младинскиот центар е во рана – почетна фаза на изградба, неодамна ( 6 септември) е поставен камен-темелник. Па, со оглед на тоа што четиригодишниот мандат на Сејдиу веќе завршува, а започната е и кампањата за новите локални избори, ова негово изборно ветување го оценуваме како неисполнето.

Ветување: Формирање на младински центар во рамките на општината којшто младите луѓе ќе го користат за иницирање и имплементација на различни проекти

[Извор: Предизборна програма на градоначалникот Блерим Сејдиу, Општина Желино –  датум: октомври 2017]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Во предизборната програма на сегашниот градоначалник на Општина Желино, Блерим Сејдиу, во делот Mлади и спорт (стр.3), е дадено ветување за формирање на младински центар во рамките на општината. Културниот дом во рамките на кој треба да функционира и младинскиот центар е во рана – почетна фаза на изградба, неодамна ( 6 септември) е поставен камен-темелник. Па, со оглед на тоа што четиригодишниот мандат на Сејдиу веќе завршува, а започната е и кампањата за новите локални избори, ова негово изборно ветување го оценуваме како неисполнето.

На 12 јули градоначалникот Сејдиу по повод потпишување на договорот за изградба на Културен и младински центар рече:

Го потпишавме Договорот за изградба на Младинскиот центар, односно Културниот дом во Желино, што официјално ни го предадоа вицепремиерот Битиќи и претставници на ТАВ.
Младите на Општина Желино за првпат ќе го имаат својот Младински центар, со амфитеатар и кино, каде што ќе можат да ги прикажат своите иновативни и развојни перформанси.

До почеток на градежните работи на овој бојект поминаа речиси два месеца и на 6 септември свечено беше означен стартот на изградбата на истиот.

Денес, на 06.09.2021 година, во присуство на претседателот на партијата Билал Касами, заменик-министерот за култура Седат Сулејмани, заменик-министерот Арафат Шабани, заменик-претседателот Кастриот Реџепи, организациониот секретар Аднан Азизи и сопартиецот Артан Етеми, го поставивме камен-темелникот на  младинскиот центар во село Желино,  рече градоначалникот Сејдиу на официјалниот настан организиран по тој повод. 

За да го провериме ова ветување „Вистиномер“ праша во Општина Желино до каде е изградбата на младинскиот центар во рамките на Културниот дом, оттаму само кратко ни одговорија:

Се работи на терен за изградбата на Младинскиот центар.

„Вистиномер“ контактираше и неколку советници од Општина Желино, кои ни кажаа дека потребните стретства за имплементација на ветениот проект биле обезбедени многу доцна. Односно, Општината успеала да добие финансиски стретства дури на крај на мандатот, така што немало можност проектот да отпочне порано и да биде реализиран до завршување на мандтот на оваа локална власт.

Имајќи предвид дека четиригодишниот мандат на Сејдиу наскоро завршува, а градежните работи на Културниот дом во рамките на кој ќе биде и Младинскиот центар се во почетна фаза, ова ветување го оценуваме како неисполнето.

 

ИЗВОРИ:

Оцени: Дрилон Салиу

 


Овој напис е изработен во рамките проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција