Многу кичевчани се уште не сакаат да се вакцинираат против Ковид-19, лекарите апелираат за вакцинација

Споредено со другите градови во Северна Македонија, Кичево не е меѓу градовите со најмал број на вакцинирани граѓани, но сепак, процентот на вакцинирани во овој град се уште не е задоволителен. Во Кичево досега  се вакцинирани вкупно 37,7 проценти од населението, и според доктор Симона Сапунџија со толкав процент не може да се зборува за колективен имунитет, при што таа апелира сите да се вакцинираат, пишува Порталб.мк.

Споредено со другите градови во Северна Македонија, Кичево не е меѓу градовите со најмал број на вакцинирани граѓани, но сепак, процентот на вакцинирани во овој град се уште не е задоволителен. Во Кичево досега  се вакцинирани вкупно 37,7 проценти од населението, и според доктор Симона Сапунџија со толкав процент не може да се зборува за колективен имунитет, при што таа апелира сите да се вакцинираат, пишува Порталб.мк.

 

Споредено со другите градови во земјава, општина Кичево не спаѓа меѓу градовите со висок процент на вакцинирани граѓани. Во последните неколку дена во овој град има зголемување на бројот на лица заразени со Ковид-19.

До сега во Кичево се вакцинирани 37,7% од граѓаните, покажува последниот извештај   на Институтот за јавно здравје.

Во меѓувреме, во Кичево има 77 лица заболени од Ковид-19, додека пак од почетокот на пандемијата во овој град со корона вирусот се заразени вкупно 4291 лице, од кои 4030 се излечени, а 184 починале.

Нагласуваме дека горенаведената статистика е преземена од анализата на Институтот за јавно здравје за периодот 13-19.12.2021 година. Целосниот извештај можете да го прочитате  ТУКА.

Официјални податоци од ИЈЗ

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Врз основа на овие статистики, лекарката Симона Сапунџија во една изјава за Порталб.мк нагласи дека во овој град не може да се зборува за колективен имунитет, па им препорача на сите кичевчани да се вакцинираат, како единствено средство за спречување на тешките форми на болеста предизвикана од корона вирусот.

„Со 37,7% вакцинирани не можеме да зборуваме за колективен имунитет. Целта на вакцините е да се имунизира населението пред да се зарази или пред да развијат активна болест, што значи дека мојот став и моите препораки до сите се да се вакцинираат“, изјави доктор Симона Сапунџија.

Сапунџија додаде дека и покрај апелот на лекарите од целиот свет за масовна вакцинација, населението се уште е скептично за вакцините, но според неа, докажано е дека вакцините спречуваат разни болести, а не само таа предизвикана од коронавирусот.

„И покрај повиците на лекарите ширум светот за потребата од вакцинација, кај населението сè уште постои страв и скептицизам за вакцините, иако со текот на годините не само вакцините против Ковид-19, туку сите вакцини покажале позитивни резултати во спречувањето на болестите. За да може да се каже дека е постигнат колективен имунитет, мора да се вакцинира голем дел од населението или веќе да ја прележало  болеста. Процентот потребен за ова сè уште не е точно определен, но се претпоставува дека треба да е околу 80% до 90%, во зависност од различните варијанти на вирусот“, додаде докторката Симона Сапунџија.

Зошто е важен колективниот имунитет и како до него?

Колективен имунитет се постигнува кога голем дел од заедницата (популацијата) станува имуна на болеста, со што, исто така се намалува и ширењето на вирусот. На овој начин, заштитена е целата заедница –  а не само оние кои се имуни на вирусот.

Постојат две главни начини на постигнување на колективен имунитет од Ковид-19: природната инфекција и вакцините.

Природна инфекција

Колективен имунитет може да се постигне кога значителен број од населението ќе ја прележи болеста и ќе развие заштитни антитела кои ќе послужат како заштита во случај на идна инфекција.

Но, ваквото постигнување колективен имунитет со себе носи низа проблеми, кои може да им предизвикаат проблеми на лицата кои се најзагрозени од вирусот.

Реинфекција – сè уште не е јасно колку долго сте заштитени од корона вирусот од моментот кога ќе закрепнете од болеста. Затоа што, дури и ако имате антитела, повторно можете да се заразите со Ковид-19.

Колективен имунитет преку вакцините

Колективен имунитет може да се постигне и доколку против вирусот се вакцинира значителен број на луѓе и на тој начин развијат заштитни антитела во случај на идна инфекција. За разлика од природната инфекција, вакцините создаваат имунитет без да мора да се прележи болеста, која пак, може да предизвика бројни компликации. Со овој метод на колективен имунитет, вакцините успешно ги контролираа заразните болести во минатото.

Колективниот имунитет овозможува да се заштити населението од болести, вклучително и оние кои не можат да се вакцинираат, како што се новороденчињата или оние кои имаат други здравствени причини да не го прават тоа.

Инаку, ширењето на инфекцијата меѓу жителите престанува кога ќе се вакцинира голем процент на населението. За да се создаде колективен имунитет идеално е да се вакцинираат над 90%, но, не помалку од 50% од населението. Ако процентот на вакцинирани е помал, тогаш вирусот продолжува да циркулира меѓу луѓето и повремено да предизвика тешки последици кај лицата кои се посензитивни на него.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција