Момче кое починало во 2017 година, „воскресна“ како најмлада жртва на коронавирус во Британија

Фотографија од момче за кое се тврди дека е најмладата жртва на коронавирусот во Велика Британија деновиве кружи во дел од медимумите и на социјалните мрежи. Но, фотографијата е лажна што може да се провери со мало пребарување на интернет.

Според веста која на 01.04.2020 г. ја пласираше, africansalive.com станува збор за 13-годишниот Исмаил Мохамед Абдулвахаб од Лондон. Тој починал во болницата „Кингс колеџ хоспитал“ без ниту еден од неговото семјство во близина, имајќи го превид високото ниво на заразност на коронавирусот.

 

Веста со истата фотографија ја пренесе и msn.com.

Фотографијата од момчето беше споделена и на Фејсбук и на Твитер.

 

Меѓутоа, фотографијата од момчето е лажна. Имено, на  неа не е прикажана најмладата жртва на коронавирусот од Велика Британија, Исмаил, туку станува збор за момче од Ирска, Конор Вилмот  кој во мај 2017 година извршил самоубиство следејќи некоја он лајн игра.

Со реакција за ширењето на фотографијата од Конор се јавиja и од неговото семејство. Неговата постара сестра, Мелани Вилмот, апелира да го остават нејзиниот брат на мир и секој кој ќе наиде на оваа фотографија со лажна содржина, да ја пријави.

 

Фотографијата од момчето за кое се трвди дека е најмлада жртва од коронавирусот во Велика Британија, како лажна ја оценија и сервисот за проверка на факти на Асошиејтед прес како и сервисот за проверка на факти на republicworld.com. Тие исто така дошле до заклучок дека момчето на фотографијата е всушност Конор Вилмот кој починал во 2017 година, а не во 2020 година од коронавирус.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.