Морбидно монтирано видео лажно сугерира дека на починати од Ковид-19 им се вадат органите
Во пост, кој вклучува и скандалозно видео на италијански јазик, на кое се гледаат простории полни со кукли со човечки ликови, лажно, манипулативно и комплетно невистинито се тврди дека починатите од Ковид-19 не умираат од оваа болест, туку дека се убивани со умисла, за да им бидат извадени органите. Ова тврдење е апсолутна невистина
Во пост, кој вклучува и скандалозно видео на италијански јазик, на кое се гледаат простории полни со кукли со човечки ликови, лажно, манипулативно и комплетно невистинито се тврди дека починатите од Ковид-19 не умираат од оваа болест, туку дека се убивани со умисла, за да им бидат извадени органите. Ова тврдење е апсолутна невистина. Видеото е траорно, прекриено со глас на италијански јазик, кој репетитивно извикува дека ова е ,,трговија со органи”, а заслужува да биде рецензирано затоа што се споделува од страна на корисници на Фејсбук кои го коментираат на македонски јазик. Исто така, сосема е за очекување дека корисниците на социјалните мрежи во Македонија можат да добијат генерална идеја за што станува збор во видеото, иако е на италијански јазик.
Според некои италијански извори, видеото за првпат е објавено на втори декември годинава.
Како што веќе утврдиле проверувачи на факти од Италија, сликите прикажани во ова видео воопшто не се за трговија со органи. Средината, која што е снимена на видеото, не кореспондира ниту со минималните стандарди својствени за процедурите на експлантација. Исто така, оваа видео снимка воопшто не демонстрира дека пациентите со Ковид-19 се убивани за да се дојде до нивните органи.
Според италијанските проверувачи на факти, некои делови од видеото се фиктивни, извадени од видеоигра или од нискоквалитетен филм. Видеото се состои од два дела, првиот човечки тела обесени како да се месо во ладна соба и вториот дел од видеото структура слична на мртовечница каде неколку тела се натрупани без почит и уште крварејќи.
Истото видео е користено во минатото, во конверзации за човечко клонирање или тела донирани на медицинските училишта за идните лекари да ги изведуваат нивните вежби.
Да се отстрани орган е комплексна операција која дефинитивно не може да се изведе во операциона сала во визба. Клиниките во кои што се изведуваат легални трансплантации, не би го компромитирале својот легален бизнис со криумчарење тела или киднапирање мажи жени или деца.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар