Мрежа 23 реагира на „ракот во судството“ и на кршењето на човековите права
Во делот Слобода на изразување и плурализам во медиумите се дава освет на Привремената комисија за следење на медиумското претставување, односно Ад-хок комисијата. Во извештајот на Мрежа 23 се реагира на неправилен третман на Ромите во бараки под скопско Кале.
Во својот најнов извештај од состојбата во правосудството, борбата против корупцијата и темелните права „Мрежа 23“, мрежа на 11 граѓански организации, основана во јули 2015 година, реагира на одредени случувања, измени и трендови во текот на септември годинава.
Осврт во извештајот е даден на прераспоредувањето на судии во Основниот суд Скопје 1, унапредувањето на судии што наводно го попречувале штрајкот на Судската служба, изборот на нови судии од страна на Судскиот совет, како и изборот на претседател на Советот на јавните обвинители. Во извештајот на „Мрежа 23“, се дава осврт на позначајните судења во моментот, како и на работата на СЈО и на штрајкот на судските службеници.
Во делот Слобода на изразување и плурализам во медиумите се дава освет на Привремената комисија за следење на медиумското претставување, односно Ад-хок комисијата. Во извештајот на Мрежа 23 се реагира на неправилен третман на Ромите во бараки под скопско Кале.
Мрежа 23, според описот наведен на веб-сајтот, „настојува да се поттикне јавната дебата во Република Македонија за прашањата од областа на правосудството и на темелните права, покриени со Поглавјето 23 од пристапувањето во ЕУ, да се обезбеди влијание врз јавните власти и пошироката јавност, врз основа на истражување и на застапување базирано врз докази и аргументи, како и да се овозможи граѓаните да имаат свој збор во клучните прашања на демократијата и владеењето на правото“.
Членки на Мрежа 23 се: Здружение за еднакви можности „Еднаков пристап“ – Скопје; Здружение на финансиски работници на локалната самоуправа и јавните претпријатија на Република Македонија – Велес; Здружение „НОВУС“ – Струмица; Здружение „Плоштад Слобода“ – здружение за активизам теорија и уметност– Скопје; Институт за европска политика; Институт за човекови права; Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“; Коалиција „Сите за правично судење“; НВО Инфоцентар – Скопје; Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија; Центар за стратегии и развој „ПАКТИС“ – Прилеп.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар