мРНК вакцините против ковид во Флорида не се прогласени за „биолошко оружје“
Во Флорида вакцините против ковид-19 со мНРК технологија не се и нема иницијатива да бидат прогласени за „биолошко оружје“. Во оваа држава имаше апдејтирано упатство од Департментот за здравство на Флорида, коешто „препорачува да се приоритетизираат вакцините против ковид-19 што не се со мРНК технологија“, меѓутоа, упатството не е задолжително и ковид мРНК вакцини во Флорида и сега може да се примат. Зад препораката стои лекар кој извршува важна здравствена функција во Флорида (Florida Surgeon General) со контроверзни ставови
Во Флорида вакцините против ковид-19 со мНРК технологија не се и нема иницијатива да бидат прогласени за „биолошко оружје“. Во оваа држава имаше апдејтирано упатство од Департментот за здравство на Флорида, коешто „препорачува да се приоритетизираат вакцините против ковид-19 што не се со мРНК технологија“, меѓутоа, упатството не е задолжително и ковид мРНК вакцини во Флорида и сега може да се примат. Зад препораката стои лекар кој извршува важна здравствена функција во Флорида (Florida Surgeon General) со контроверзни ставови
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
Флорида официјално ќе ги прогласи mRNA вакцините за биолошко оружје! Сега Факт-чекерите ќе нападнат!Никој не може да спречи вистината да излезе на виделина!
Наспроти изнесеното во објавата самото видео што се споделува, покажува дека ова било само предлог. Важно е да се има предвид дека самиот прилог е од 2023 година кога републиканска група во Флорида се согласила да испрати писмо во кое бараат државните власти да забранат ковид вакцини. Видеото во објавата потекнува од телевизиски пренос на каналот од Флорида CBS12 News.
Во прилогот кој е од 13 јули 2023 година се известува дека извршниот комитет на републиканската партија од општината Бревард му напишал писмо на гувернерот Рон Де Сантис во коешто бара да забрани продажба и дистрибуција на вакцини против ковид-19 во Флорида, како и веднаш да се запленат сите мРНК вакцини против ковид во Флорида.
Во писмото се тврди дека „има силни и кредибилни докази дека вакцините против ковид-19 се биолошко оружје“, но во телевизискиот прилог не се споменува ниеден од овие „докази“.
Проверувачите на факти на Фул Фект пишуваат дека во моментот кога овој прилог бил објавен, писмото било само барање, кое не било исполнето. И до 18 септември 2023 година мРНК вакцината во Флорида не била прогласена за „биолошко оружје“, пишуваат проверувачите на факти на „Лид Сторис“.
Да се класифицира што било како биолошко оружје е надвор од надлежностите на Департментот за здравство на Флорида, изјавил за „Лид Сторис“ секретарот за односи со јавност Џае Вилијамс на 18 септември 2023 година.
Департментот за здравство на Флорида ги потсетува здравствените провајдери за важноста да бидат информирани за последната литература поврзана со ковид-19 вакцините и бустерите и важноста да обезбедат информирана согласност за пациентите. На 22 август 2024 година Агенцијата за храна и лекови на САД ги одобри и авторизираше апдејтираните верзии на мРНК вакцините од „Фајзер“ и „Модерна“. ФДА ги одобри вакцините за лица под 12 години и постари, и даде дозвола за итна употреба за деца од 6 месеци до 11 години. Таргетот на бустерите е варијантата омикрон која не предизвикува значителен број на инфекции. Последното одобрение за бустерите беше дадено во недостиг на клинички тестирања врз луѓе специфични за бустерите. Овој бустер не штити против моментално доминантната варијанта којашто е одговорна за 37 проценти од инфекциите во САД. Моментално има ограничени податоци за да се информира дали овие бустери нудат значителна заштита против вирусот и варијантите што циркулираат. Иако рандомизираните клинички студии нормално се користат за да се одобрат терапевтски средства, федералната влада не побара од производителите на вакцини против ковид-19 да демонстрираат дека нивните бустери превенираат хоспитализација или смрт од ковид-19, пишува во последното упатство објавено на сајтот на Департментот за здравство на Флорида.
Се додава дека „федералната влада не успеа да обезбеди доволно податоци да ја потврди безбедноста и ефикасноста на ковид-19 бустерите или да ги признае претходно демонстрираните безбедносни грижи поврзани со ковид-19 вакцините“.
Се охрабруваат здравствените установи да ги споделуваат информациите во ова упатство во разговор со пациентите за ковид-19 мРНК вакцините и бустерите. Базирано на високата стапка на глобален имунитет, State surgeon General (функција во САД н.з) препорачува да не се користат мРНК ковид-19 вакцините. Кој било провајдер загрижен за здравствените ризици поврзани со ковид-19 за пациенти повозрасни од 65 години или со коморбидитети треба да го приоритетизира пристапот до вакцини против ковид-19 коишто не се мРНК, се додава во упатството.
Препораката на State surgeon General во Флорида предизвика критики во етаблирани медиуми кои наведоа дека тој се водел од дезинформации при нејзиното донесување, политички е назначен и избран од Де Сантис. За него има обвинувања дека менувал резултати во клиничка студија за безбедноста на вакцините против ковид-19.
Во Флорида и сега може да се најде и прими ковид мРНК вакцина и покрај овие препораки кои предизвикаа многу контроверзи и беа отфрлени од медицински професионалци.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина. Во Флорида вакцините против ковид-19 со мНРК технологија не се и нема иницијатива да бидат прогласени за „биолошко оружје“.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар