На 12 август Земјата нема да ја изгуби гравитацијата седум секунди

Затемнување на Сонцето, 15 јануари 2010 г, Џинан - Кина. Фото: A013231, CC BY-SA 3.0, via Wikimedia Commons

Затемнувањето не може да ја „исклучи“ гравитацијата. Според NASA, гравитацијата на Земјата произлегува од нејзината маса. НАСА објаснува дека масата на Земјата создава гравитациско привлекување кон сите други маси.

Затемнувањето не може да ја „исклучи“ гравитацијата. Според NASA, гравитацијата на Земјата произлегува од нејзината маса. НАСА објаснува дека масата на Земјата создава гравитациско привлекување кон сите други маси. За гравитацијата на Земјата едноставно да исчезне, би требало да се промени нешто фундаментално со масата или структурата на системот Земја – а не само Месечината да помине помеѓу Земјата и Сонцето. НАСА дополнително објаснува дека гравитацијата е привлечна интеракција меѓу масите и дека не постои момент кога таа едноставно „се исклучува“

 

Анализираме објава на Фејсбук која вели:

На 12-ти август (утре), наводно седум секунди НЕМА ДА ПОСТОИ ГРАВИТАЦИЈА ! Не знам колку е оваа информација сериозна, ја слушнав од повеќе извори, има разни теории зошто ова (наводно) ќе се случи. За секој случај, утре бидете во затворени простории, не се шеткарајте по улици за да не’ полетате кон небесата !

Нема научни докази дека Земјата ќе ја изгуби гравитацијата на 12 август, ниту дека постои механизам што би предизвикал ваков седумсекунден „прекин“ на гравитацијата.

На 12 август 2026 навистина има значаен астрономски настан – целосно затемнување на Сонцето.

Според официјалната страница на NASA целосното затемнување ќе биде видливо по патека што минува низ Гренланд, Исланд, северна Русија, Атлантикот, Шпанија и мал дел од Португалија. Во голем дел од Европа ќе има делумно затемнување.

И Европската вселенска агенција (ESA) го потврдува истиот астрономски настан.

Токму вистинскиот и спектакуларен настан – затемнувањето – веројатно помогнал лажното тврдење да изгледа поверодостојно.

Но, затемнувањето не може да ја „исклучи“ гравитацијата. Според NASA, гравитацијата на Земјата произлегува од нејзината маса. НАСА објаснува дека масата на Земјата создава гравитациско привлекување кон сите други маси.

Тоа е во согласност и со основната физика: гравитациското забрзување на површината на Земјата е приближно 9,8 m/s² и зависи од масата на Земјата и растојанието од нејзиниот центар, објаснува NASA.

За гравитацијата на Земјата едноставно да исчезне, би требало да се промени нешто фундаментално со масата или структурата на системот Земја – а не само Месечината да помине помеѓу Земјата и Сонцето.

НАСА дополнително објаснува дека гравитацијата е привлечна интеракција меѓу масите и дека не постои момент кога таа едноставно „се исклучува“.

Оваа дезинформација се поврзува со „Project Anchor“ на НАСА, наводно таен проект кој требало да ја подготви Земјата за седумсекундна загуба на гравитацијата. Меѓутоа, нема веродостојни докази дека постои таков проект на НАСА. Во анализите на ширењето на оваа приказна се наведува дека тврдењето потекнува од објави на социјалните мрежи и дека подоцна е проширено со измислени детали – вклучувајќи наводен буџет, број на жртви и прецизно време на „гравитацискиот колапс“.

Земјата нема да ја изгуби гравитацијата на 12 август 2026 година. Гравитацијата на Земјата, или вкупната гравитациона сила, е одредена од нејзината маса. Единствениот начин Земјата да ја изгуби гравитацијата е Земјиниот систем, комбинираната маса на неговото јадро, мантија, кора, океан, копнена вода и атмосфера, да изгуби маса. Тоталното затемнување на Сонцето нема невообичаено влијание врз гравитацијата на Земјата. Гравитационата привлечност на Сонцето и Месечината врз Земјата, која не влијае на вкупната гравитација на Земјата, но влијае на плимните сили, е добро разбрана и е предвидлива децении однапред, изјавил портпаролот на НАСА за Сноупс.

Поради сето погоре, оценуваме дека објавата што ја анализираме е невистинита.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција