На бугарската монета од 1 евро не е прикажан Св. Климент Охридски, туку Св. Иван Рилски

Фото: FrDr, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Вистиномер ја провери бугарската монета од 1 евро. На неа е прикажан Св. Иван Рилски, кој е почитуван како светец-заштитник на Бугарите и како еден од најважните светци во Бугарската православна црква.

Вистиномер ја провери бугарската монета од 1 евро. На неа е прикажан Св. Иван Рилски, кој е почитуван како светец-заштитник на Бугарите и како еден од најважните светци во Бугарската православна црква

 

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:

поздравете го она #копиле ла*арско предавничко #муцински зошто јади ла*а за #ОРЕШНИК а не се буни за #Македонецот  св РАМНОАПОСТОЛНЕН КЛИМЕНТ што НЕГОВИТЕ #педерски #зоофилски газди од #педофлскаЗоофилскаЕУ му ги #направија #еврата со ликот на св КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ а и што чути тој #предавник што убиените на кале ги преставуваат како бугари а тие се убивани заради желба за обединување на Македонија.

Објавата е придружена од видео на кое се гледа бугарска монета од 1 евро, на која има светец, а за кој објавата тврди дека е Св. Климент Охридски.

Вистиномер провери за каква монета станува збор и дојде до сознание дека на монетата од 1 евро не е прикажан Св. Климент Охридски, туку Св. Иван Рилски.

Тоа може да се провери на страницата Еврото.бг каде што може да се види дизајнот на сите бугарски евро-монети.

Денес (9 април 2025 год), Управниот совет на Бугарската народна банка (Управен совет на БНБ) на состанокот ги одобри ревидираните графички дизајни за бугарската национална страна на евро монетите од сите апоени – 1, 2, 5, 10, 20 и 50 евро центи; монетите од 1 и 2 евра, со единствена промена во годината на издавање „2026“, стои на сајтот Еврото.бг.

Подолу се додава:

Главните елементи на дизајнот на националната страна на бугарските евро монети го репродуцираат дизајнот на тековните бугарски монети во оптек:

– Коњаникот на Мадара – на монети од 1, 2, 5, 10, 20 и 50 евро центи;

– Свети Иван Рилски – на монети од 1 евро;

– Пајсиј Хилендарски – на монети од 2 евра.

Претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард го поздрави приклучувањето на Република Бугарија кон еврозоната со пост на Фејсбук во кој сликовито се објаснуваат симболите на бугарските евромонети:

Во постот на Лагард се објаснуваат симболите на монетата од едно евро, со ликот на Св. Иван Рилски:

Таа го постираше и објаснувањето за симболите на монетата од две евра, на која доминира ликот на Св. Пајсиј Хилендарски, национален преродбеник:

Инаку, Св. Иван Рилски бил првиот бугарски пустиник. Тој бил почитуван како светец додека бил сè уште жив. Легендата околу него раскажува за диви животни кои слободно му се приближувале и птици кои слетувале во неговите раце. Неговите следбеници основале многу цркви во негова чест, вклучувајќи го и познатиот Рилски манастир. Една од овие цркви, Свети Јован Рилски, била откриена дури во 2008 година во градот Велико Трново. Денес, тој е почитуван како светец-заштитник на Бугарите и како еден од најважните светци во Бугарската православна црква.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека објавата што ја анализираме е невистинита.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција