На Фејсбук се споделува лажна наградна игра на Ленор
Во објавата е претставена наводно наградна игра, но нема јасно наведени правила на наградната игра, нема наведено кој ја организира наградната игра и сл. што укажува на тоа дека станува збор за лажна објава која има за цел да ве навлече и да ви ја испразни сметката
Во објавата е претставена наводно наградна игра, но нема јасно наведени правила на наградната игра, нема наведено кој ја организира наградната игра и сл. што укажува на тоа дека станува збор за лажна објава која има за цел да ве навлече и да ви ја испразни сметката
Анализираме објава на Фејсбук која вели:
Земете ја вашата кутија Lenor бесплатно!
Во чест на лансирањето на новата колекција мириси, Lenor подарува големи подарочни кутии со мирисни новости и ексклузивни брендирани сувенири!
Количината е ограничена — забрзајте иземете ја вашата кутија бесплатно!
Акцијата се спроведува за жителите на Северна Македонија.
Потребно е само да пополните кратка анкета.
Објавата нуди и линк кој ве води да пополните кратка анкета за да ја добиете наводно вашата бесплатна кутија со производи на Ленор.
Првите 500 учесници кои ќе го пополнат овој краток прашалник ќе добијат бесплатно Lenor тест пакет! Одговорете на неколку прашања и почекајте го вашиот промотивен пакет кој ќе се грижи за вашата облека!, стои на веб- страницата.

Откако ќе одговорите на кратката анкета, ви се дава можност да отворите три кутии од кои едната е секако добитна и во неа се наоѓа наводно подарокот пакет со Ленор производи.

Како „специјален учесник“ ве информираат дека на подарок добивате и сет пешкири Ленор.

По ова, се бара од вас да ги оставите вашите лични и банкарски податоци и да платите 124 денари за достава.

Дауни, исто така познат како Ленор во Европа, Тајван и Јапонија, е американски бренд на омекнувач произведен од Procter & Gamble кој беше претставен во 1960 година.
Брендот Lenor нема официјално претставништво (канцеларија или локален дистрибутер со седиште) во Северна Македонија. Производи на Lenor се продаваат во Македонија преку големите продавници и онлајн продавници.
Постојат наградни игри и промоции за Lenor, организирани од „Друштво за глобални комуникации Греј-Ворлдвајд ЛТД Скопје”, што укажува дека има локално присуство во маркетинг/продажба.
Во објавата што ја анализираме е претставена наводно наградна игра, но нема јасно наведени правила на наградната игра, нема наведено кој ја организира наградната игра и сл. што укажува на тоа дека станува збор за лажна објава која има за цел да ве навлече и да ви ја испразни сметката
Поради тоа, објавата ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар