На Филипче не му пукнал филмот, статусот на Фејсбук е лажен

Пост на социјалната мрежа Фејсбук тврди дека: „На Филипче му пуkна филмот: Заkажа прием на инфеkтивно на човек кој го предизвика“. Доколку се отворат Фесјбук и Твитер профилите на Филипче, ќе се види дека тој нема објавено таков статус. Во случајов имаме „кромид“ вест на која авторот на написот наседнал и ја објавил како вистинита, без притоа да провери дали министерот за здравство навистина напишал таков статус на Твитер

Во објава на Фејсбук се шири лажна вест поврзана со министерот за здравство, Венко Филипче и истата предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. Постот, кој, во моментот кога е пишуван текстот, има неколку стотини интеракции, фактички пренесува напис според кој, на министерот Филипче, наводно, „му пукнал филм“ и закажал преглед на Инфективната клиника на човек што го предизвикал на социјалните мрежи!

Имено, станува збор за статус на извесен на Фејсбук корисник, кој искажа подготвеност да влезе во инфективната клиника и да седи со заболените без маска 24/7 дена.

Според текстот, по ова следела рекација од министерот Филипче, кој, наводно,на неговиот твитер профил објавил дека го прифаќа предизвикот на Илиовски и му закажал термин за прием на клиниката.

Но, проверката покажа дека статусот на Филипче е лажен, односно фотомонтажа. Оригиналниот статус го напишал твитер корисникот @41N21E.

Неговиот статус потоа бил преземен, а на местото на неговата фотографија е залепена фотографија на министерот за здравство Филипче.

Доколку се отворат Фејсбук и Твитер профилите на Филипче ќе се види дека тој нема објавено таков статус.

Во случајов имаме „кромид“ вест на која авторот на написот наседнал и ја објавил како вистинита, без притоа да провери дали министерот за здравство навистина напишал таков статус на Твитер. Авторот требало прво да ги отвори профилите на Филипче на Фејсбук и Твитер за да се увери во вистинитоста на напишаното, па дури потоа да објавува. Вака пренесен написот и споделен на социјалната мрежа Фејсбук предизвика реакции во јавноста и создаде погрешна перцепција за министерот.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција