На ова видео не е прилог за „скопјанка што изгубила 10 килограми за 2 недели“

Фото: Принтскрин видео

Со обратно пребарување на кадри од видеото во пребарувачот Гугл, „Вистиномер“ го пронајде идентитетот на новинарот во воведниот кадар. Се работи за новинарот и презентер на Телесинко, Карлос Франганиљо. Тој во кадарот искористен во објавата што ја рецензираме зборува на шпански јазик, а не на македонски и го одјавува информативното издание на програмата

Со обратно пребарување на кадри од видеото во пребарувачот Гугл, „Вистиномер“ го пронајде идентитетот на новинарот во воведниот кадар. Се работи за новинарот и презентер на Телесинко, Карлос Франганиљо. Тој во кадарот искористен во објавата што ја рецензираме зборува на шпански јазик, а не на македонски и го одјавува информативното издание на програмата

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видеоматеријал и невистинито се прикажуваат личностите во истиот со цел да се промовира препарат за слабеење. Сета промоција на препаратот се прави на начин што се отфрлаат како „глупости“ советите од лекарите и нутриционистите за намалувањето на телесната тежина – проблем со кој се соочуваат милиони луѓе на светско ниво. Во објавата со помош на монтажа и вештачка интелигенција, додаден е титл односно превод на она што го зборуваат лицата прикажани на него. Меѓутоа, во оригиналниот материјал кој потекнува од странска телевизиска станица, воопшто не станува збор за слабеење, ниту пак, докторите прикажани на екранот го кажуваат тоа што во македонскиот превод (со многу грешки во изговорот, акцентот и граматиката) го тврдат. Станува збор за „сценарио“ што го чита некој врз видео материјал кој е од сосема друга содржина.

Прво, кога ќе се погледне логото во горниот десен агол од екранот, станува јасно дека се работи за логото и за содржина емитувана на шпанската телевизиска станица „Теле Синко“ – https://www.telecinco.es (Канал 5 на шпански н.з). Логото може да го погледнете на следниот линк. 

Со обратно пребарување на кадри од видеото во пребарувачот Гугл, „Вистиномер“ го пронајде идентитетот на новинарот во воведниот кадар. Се работи за новинарот и презентер на Телесинко, Карлос Франганиљо.

На следниот линк може да се види презентерот чие видео појавување е искористено на почетокот во видеото од објавата што ја рецензираме, како одјавува дневник и на шпански јазик зборува дека голема екипа работи на информативното издание. Таквиот кадар со помош на монтажа и вештачка интелигенција е злоупотребен во видеото што го рецензираме, за да се залепи видеоматеријал од жена којашто во објавата лажно е претставена како „Изабела од Скопје што изгубила 10 килограми за две недели“. На оригиналното видео презентерот Карлос Франгиниљо од „Теле Синко“ воопшто нема соговорничка туку одјавува информативна емисија.

Дополнителен показател дека се работи за содржина што е генерирана со монтажа и вештачка интелигенција претставува тоа што гласовите на видеото се додадени оф-тон гласови, односно начинот на кој зборуваат презентерот и неговата „соговорничка“ во видеоматеријалот не кореспондира на македонскиот изговор. Секако, ова е бидејќи презентерот воопшто не зборува на македонски јазик, туку зборува на шпански, и воопшто не зборува за препарат за слабеење туку одјавува дневник од студио. Затоа во текот на целото видео, сите тројца говорници и презентерот и докторот и наводната Изабела од Скопје, во пределот на устата видно се графички изменети, затоа што нивниот реален говор не е на македонски јазик. Доколку навистина се работеше за жена од Скопје која ослабела 10 килограми за 2 недели, тогаш немаше да има потреба таа да не зборува на македонски јазик и да биде нејзиниот глас „глумен“ и покриен со глас на актерка.

Наспроти изнесеното во објавата, дебелината според медицината базирана на докази треба да се третира со здрави животни навики, избалансирана исхрана богата со овошје, зеленчук, физичка активност, што може да помогне во превенцијата и последиците од дебелината.

Мајо Клиниката препорачува дека треба да се работи со тим професионалци, меѓу кои нутриционист, психолог и специјалист за обезност за да се направат промените во исхраната и во активноста.

Сите програми за губење на телесна тежина бараат да ги промените навиките во исхраната и да станете поактивни. Кои методи за слабеење се вистинските за вас, ќе зависи од вашата тежина, вашето општо здравје и волјата да учествувате во планови за губење телесна тежина. Намалувањето на калории и поздравите животни навики се клучни за победа врз обезноста. Не постои најдобра диета за губење телесна тежина. Изберете таква што ќе вклучува здрава храна која ви одговара. Промените за третман на обезноста вклучуваат намалување калории, постигнување чувство на ситост со помалку калории, правење поздрави избори, рестрикција на одреден вид храна, заменски оброци итн, пишува Мајо Клиниката.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како објава со изменета содржина (altered content).

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција