На оваа фотографија не се наоѓа јавниот обвинител на Турција, туку турски актер

Фото: Принтскрин ФБ пост

Наспроти изнесеното во објавата, на втората фотографија не се наоѓа никаков „јавен обвинител на Турција“, туку се наоѓа актер и пејач и дел од индустријата за филм во Турција. Станува збор за фотографија од актерот Онур Туна

Наспроти изнесеното во објавата, на втората фотографија не се наоѓа никаков „јавен обвинител на Турција“, туку се наоѓа актер и пејач и дел од индустријата за филм во Турција. Станува збор за фотографија од актерот Онур Туна

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделуваат фотографии од државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски и уште едно лице и пишува:

Јавниот обвинител на северџанија.
Јавниот обвинител на Турција.
Најди сличност.
П.С. Турците собрале се што е лично и умно!
Наспроти изнесеното во објавата, на втората фотографија не се наоѓа никаков „јавен обвинител на Турција“ ,туку се наоѓа актер и пејач и дел од индустријата за филм во Турција. Станува збор за фотографија од актерот Онур Туна.
Онур Туна е турски актер роден на 2 јули 1985 година. Студирал музика на Универзитетот „Еге“ и запишал втор факултет на Универзитетот „Ејлул“. Се занимавал со одбојка и кошарка. Работел како модел 4 години во Измир. Посетувал часови по глума во уметничкиот центар „Муџдат Гезен“.
„Вистиномер“ ја пребара фотографијата од Онур Туна од објавата што ја рецензираме, со обратно пребарување на сервисот Гугл. Таа е објавена на неколку Фејсбук профили каде се дискутира за неговата актерска кариера на пример овде.

Друга фотографија од Онур Туна, која е од истата серија односно тој е во истата облека и се работи за истата сцена, е објавена на неговиот Фејсбук профил овде, во 2018 година.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина. На втората фотографија не е јавен обвинител на Турција, туку турски актер чија фотографија од 2018 година е искористена.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција