На поранешниот филипински претседател Дутерте му се суди за злосторства против човештвото

Родриго Дутерте, април 2021 година Фото: pco.gov.ph

Наспроти изнесеното во објавата, европската слобода и демократија ја вклучува борбата против дрогата, но во законити постапки каде на осомничените и обвинетите им се гарантираат права на одбрана, а додека не се осудени – се сметаат за невини. Не е дека „европската слобода и демократија“ се против криминалот со дрогата, но во таа борба, поранешниот филипински претседател Родриго Дутерте е обвинет дека сторил бројни пречекорувања на човековите права и незаконито постапување од огромни размери кое водело до многубројни убиства. Како што реагираше „Амнести Интернешнал“ во неговите акции се убиени и многу деца

 

Наспроти изнесеното во објавата, европската слобода и демократија ја вклучува борбата против дрогата, но во законити постапки каде на осомничените и обвинетите им се гарантираат права на одбрана, а додека не се осудени – се сметаат за невини. Не е дека „европската слобода и демократија“ се против криминалот со дрогата, но во таа борба, поранешниот филипински претседател Родриго Дутерте е обвинет дека сторил бројни пречекорувања на човековите права и незаконито постапување од огромни размери кое водело до многубројни убиства. Како што реагираше „Амнести Интернешнал“ во неговите акции се убиени и многу деца

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Дуерте објави закон според кој секој може да убие дилер на дрога и да не одговара за тоа….Ради тоа лета во ЕУ да го судат во Хаг… Е тоа ти е „европска слобода и демократија”, дилер на дрога може да убие дете со дилање дрога на деца, но ако убиеш дилер на дрога леташ за Хаг…

Објавата се однесува на Родриго Дутерте, поранешен претседател на Филипините. Но, во неа се пропушта контекстот, бидејќи Дутерте е обвинет за сериозни злосторства против човештвото. 

Не е дека „европската слобода и демократија“ се против криминалот со дрогата, но во таа борба, Дутерте е обвинет дека сторил бројни пречекорувања на човековите права и незаконито постапување од огромни размери кое водело до многубројни убиства. Како што реагираше „Амнести Интернешнал“ во неговите акции се убиени и многу деца.

„Амнести Интернешнал“ го опишува обвинетиот како:

Човекот кој рече „моја работа е да убивам“, ги надгледуваше престрелките до смрт на жртвите – вклучително и децата, како дел од намерна, широко распространета и добро организирана кампања на убиства одобрени од државата.

На 11 март, по неговото враќање во Манила од Хонгконг, поранешниот филипински претседател Родриго Дутерте беше уапсен од полицијата, врз основа на налог за апсење издаден од Меѓународниот кривичен суд против него за злосторства против човештвото во врска со „војната против дрогата“.

Меѓународниот суд спроведуваше истраги за можни злосторства против човештвото, вклучително и убиства извршени во контекст на смртоносната „војна против дрогата“ под администрацијата на претседателот Дутерте, како и оние во градот Давао од страна на таканаречениот „Одред на смртта“ додека тој беше градоначалник на Давао од 2011 до 2016 година.

За време на администрацијата на Дутерте од 2016 до 2022 година, илјадници луѓе, главно од сиромашни и маргинализирани заедници, беа незаконски убиени од полицијата – или од вооружени лица за кои имаше сомнеж дека имаат врски со полицијата – за време на таканаречената „војна против дрогата“ на владата, пишува „Амнести Интернешнал“.

Амнести интернешенел објави големи истраги во кои се детализирани вонсудските егзекуции и други прекршувања на човековите права од страна на полицијата и нивните претпоставени. Организацијата утврдила дека извршените дела го достигнуваат прагот на злосторства против човештвото. Амнести Интернешнал идентификува вонсудски егзекуции – без да има судење и пресуда, без да се почитува начелото на правично судење и правото на одбрана, што е европска вредност којашто важи за сите кривични дела. Секој е невин додека не се докаже спротивното и секој има право на одбрана во судница независно за што е обвинет.

Како што пишува Си-Ен-Ен, откако Дутерте дојде на власт, тој ги ослободи оние што групите за човекови права ги нарекоа „одреди на смртта“ за искоренување на дилерите со дрога – многу од жртвите, млади мажи од сиромашните населби, застрелани од полицијата и непријателските вооружени лица како дел од кампањата за таргетирање на дилерите. Според Ал Џезира, застапниците за човекови права велат дека бројот на загинати изнесува повеќе од 30.000, вклучително и убиени од непознати осомничени, од кои некои подоцна се покажало дека се полицајци.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција