На руска државна телевизија повторена невистината за смртта на демонстрантот во Минск
Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот и во светот.
Познатиот сервис за проверка на фактите polygraph.info раазобличува дезинформација пласирана на руска државна телевизија, дека демонстрантот Александр Тарајковски (34 години) на 10 август не бил убиен од полицијата во Минск, туку дека загинал од експлозивна направа што сакал да ја фрли врз полицијата што интервенираше на протестот на незадоволство од изборните резултати на претседателските избори на 9 август.
На нив, според според Централната изборна комисија, актуелниот претседател Александар Лукашенко добил 80,1 отсто од гласовите, а неговата противкандидатка Светлана Тихановскаја, која во моментов е во егзил во Литванија, добила само 20 отсто од гласовите. Таа не ги призна изборите, обвинувајќи за фалсификат по што следеше бранот протести на улиците на повеќе градови во Белорусија. Лукашенко е непрекинато на власт од 1994 година.
На протестот на 10 август Александар Тарајковски бил застрелан и убиен од полицијата, а полицијата тврдеше дека загинал кога убиствената направа што сакал да ја фрли врз полицајците му експлодирала во рака. Три дена подоцна Олга Скабејева, еден од водителите на емисијата „60 минути“ на руска државна телевизија ја изнесе верзијата на полицијата.
Навистина загинал, трагично. А главната глупост е што Белорусинот се обидел да фрли експлозивна направа врз ОМОН (специјални полициски сили), и оваа силна експлозивна направа му детонирала в рака. Тоа е, случајно се убил себеси, рекла Скабејева во емисијата на 13 август.
Но, ова е сосема неточен опис на настанот, ако се погледнат видеото од инцидентот што ги снимија Асошиејтед Прес и други медиуми, пишува polygraph.info.
❗️❗️❗️The moment a peaceful protester was shot dead on 10 August in Minsk. He didn’t try to throw a bomb or to throw anything at all as the police claimed earlier. pic.twitter.com/t0fiKRgRGY
— Tadeusz Giczan (@TadeuszGiczan) August 15, 2020
Indisputable video evidence of peaceful protester Alexander #taraikovsky killing.#taraikovsky #associatedpress #Belarus #BelarusProtest #belarusinaction #Tichanowskaja pic.twitter.com/uqwvE19ane
— Belarus in action (@positivehater1) August 15, 2020
Имено, видеа снимени од два различни агли покажуваат дека Тарајковски нема ништо во рацете и дека ништо не детонира близу него.
На 14 август, независниот белоруски медиум Tut.by објавил дека во обдукцискиот наод пишувало дека обилно крварење од отворена рана на градите е причина за неговата смрт. Ваквата верзија се совпаѓа со видеото на кое се гледа како Тарајковски со дланката ги притиска градите додека неговата бела маичка се обојува од крвта, а по неколку мига, тој паѓа на земја.
извор: Meta.mk
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар